verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирјана Најчевска

Без анализа на меѓународните документи и медиумите стануваат дел од манипулацијата

на 5. 09. 2013 | | sq
Со отсуство на анализа, на комплексно пренесување, на вкрстување со реалната ситуација во Република Македонија, во отсуство на откривање на контрадикциите на дадените изјави, како и во отсуство на новинарски прашања, медиумите стануваат дел од  манипулацијата  на јавноста.     (Ова е втор дел од анализата на Проф. д-р Мирјана Најческа за употребата на меѓународните документи од страна на новинарите. Како пример е земена последната Резолуција на Парламентарното собрание на

Меѓународните документи се анализираат и се користат

на 30. 08. 2013 | | sq
Медиумите во Република Македонија многу малку и крајно несоодветно ги искористуваат содржините на меѓународните документи што се однесуваат на Македонија.    Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевскаексперт за човекови права   На актуелниот степен од развојот на општеството за секоја држава е од исклучително значење односот на истата со  меѓународната заедница. Актите кои ги донесуваат меѓународните структури за одредена држава ја отсликуваат перцепцијата која што ја имаат другите држави

Читање на бројките (2)

на 1. 08. 2013 | |
Како што веќе видовме, бројките сами по себе можат да претставуваат факти, меѓутоа за да можат да добијат некакво значење тие треба да бидат соодветно прочитани, анализирани, поставени во контекст, вкрстени. Со други зборови, тие треба да станат статистика. Фотографија: Alex Ford   Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Прикажувањето на статистичките податоци е многу посложен процес отколку прикажувањето на бројките и претставува посебен предизвик

Читање на бројките

на 24. 07. 2013 | |
Читање на бројките
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Може ли да се смета за успех на единицата Алфи големиот број на легитимирани лица или овој податок се објавува само како манипулација за да се покаже дека нешто се работи. Фотографија: Jesse Poole Модерниот свет не може да биде замислен без статистиката, без презентирање во цифри на субјекти, објекти, ситуации и активности, што овозможува идентификување на проблемите и претставува основа

Факти и/или интерпретации (2)

на 3. 07. 2013 | |
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Прв дел од анализата. Тоа што Македонија се појавува како земја сместена во првата група во Извештајот на Стејт департманот, воопшто не е приказ на фактичката ситуација за нејзината успешност во борбата со трговијата со луѓе. Ова произлегува од таму што самиот извештај не нуди само факти, туку и значителен број интерпретации и како таков треба да биде и претставен. Ова во никој случај не ја намалува неговата вредност и не значи дека не треба да биде земен предвид, меѓутоа, никако не смее да се поистовети со мерење на фактичката состојба. Имено, дури и во самиот извештај (во делот за методологијата) јасно се истакнува дека податоците кои се користат не

Факти и/или интерпретации (1)

на 27. 06. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Текстот е достапен и на албански јазик: Faktet dhe/ose interpretimet (1) Фотографија: Дел од насловната страница на Извештајот за трговија со луѓе за 2013 г. Медиумот информира, анализира, искажува ставови, критикува или поддржува. Во секоја информација, анализа, став, критика или поддршка треба да има факти и интерпретации. Во различен обем. Информациите вообичаено содржат пред сè или единствено факти, за разлика од анализите, ставовите или критиките и поддршките, кои треба да се базираат врз факти, меѓутоа, содржат и голема доза на сопствена интерпретација и прикажување.

Новинарите, законите и можноста за поставување вистински прашања (2)

на 3. 06. 2013 | |
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Прв дел од анализата

Поставен камен-темелник на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Вевчани

Во медиумите се појави информација дека: Премиерот Никола Груевски во понеделник присуствуваше на поставувањето камен-темелник за возобновување на црквата „Свети великомаченик Ѓорѓи” во Вевчани. На сликите е покажано и активно учество на премиерот во поставувањето на каменот темелник на новиот верски објект. И во ниту еден медиум не се постави прашањето за соодветноста на една ваква активност на премиерот.

Новинарите, законите и можноста за поставување вистински прашања

на 27. 05. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Текстот е достапен и на албански јазик: Gazetarët, ligjet dhe mundësia për të parashtruar pyetje të mirëfillta Една од клучните предности на новинарите е тоа дека тие им се потребни на политичарите и посебно на претставниците на власта. Преку нив политичарите/претставниците на власта ги промовираат своите идеи и програми, им соопштуваат на граѓаните што направиле, известуваат за преземени активности и се промовираат себеси како градители на демократијата и почитувачи на правото.

Премолчувањето може да биде дискриминација

на 12. 04. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Текстот е достапен и на албански јазик: Heshtja e realitetit mund të jetë diskriminim Медиумите може да дискриминираат (директно или индиректно), можат да поддржуваат или промовираат дискриминација и може да создаваат услови за дискриминација. Тоа лесно се детектира и може да биде адресирано.

Изјавите на политичарите се коментираат

на 27. 03. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Продолжение на Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина Текстот е достапен и на албански јазик: Deklaratat e politikanëve komentohen

Изјавите на политичарите може да немаат допирни точки со реалноста

Многу често медиумите едноставно пренесуваат изјави на претставници на власта или на политичките партии без да постават прашања поврзани со реалноста на она што се тврди, основите на тврдењето и остварливоста на истото.

Претплатете се за најнови вести