verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Повик за новинари за учество во Програмата за лидери во медиумите во Македонија

на 13. 12. 2013 | | en
ИРЕКС го објави отпочнувањето на новата Програма за лидери во медиумите во Македонија (Macedonia Media Leaders Program – MMLP) во која може да се пријават новинари и медиумски работници. Програмата се стреми да ги зајакне медиумите во Македонија преку работа со медиумските професионалци преку развој на лидерски вештини, развивање на професионализмот во медиумите и ширење на професионалните мрежи. Преку скроени студиски престои, стипендистите ќе се здобијат со практични искуства во медиумскиот сектор во САД, преку учество во обуки за медиуми и лидерство. Финансиска поддршка за проектот е обезбедена преку Канцеларијата за односи со јавност при Амбасадата на САД во Скопје. „Со радост ја започнуваме оваа нова програма која е направена со користење на успешната Програма за решенија од заедницата (Community

Одржана обука за препознавање стереотипи и справување со дискриминација

на 1. 11. 2013 | | en
На 30 откомври 2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за препознавање и справување со стереотипите и дискриминацијата. Таа беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис. На четиричасовната обука учество зедоа 15 новинари, кои се запознаа со тоа како се создаваат и што значат стереотипите, но уште поважно без запознати со основите на дискриминацијата, нејзините видови, опасностите што произлегуваат од неа, како и начините за нејзина превенција во медиумите. Исто така се говореше и за позитивната дискриминација, односно за афирмативните акции што државите ги преземаат, давајќи им извесни предности на одредени групи,

Балкански медиумски барометар: Македонија 2013

на 21. 10. 2013 | |
На 22 октомври 2013, вторник, 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје Фондацијата „Фридрих Еберт“ ја претстави публикацијата „Балкански медиумски барометар: Македонија 2013“, реализирана во соработка со НВО „Јавност“. Медиумските барометри се инструменти за самопроценка кои овозможуваат мерење на статусот на слободата на изразување и, воопшто, слободата на медиумите во национален контекст. Според информацијата од Фондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје: Медиумскиот барометар што за првпат е спроведен во Македонија произлезе од панелот на кој учестуваа новинари и претставници на невладиниот сектор кои ги оценуваа состојбите во медиумската сфера. Панел-експертите од Македонија дискутираа и оценија листа од 44 показатели засновани врз стандарди утврдени во европските документи, повеќето од нив усвоени од Советот на Европа. Публикацијата е достапна на македонски, албански

Контраефектот на фактите

на 15. 10. 2013 | | en

Истражувачите открија изненадувачка закана за демократијата: нашите умови

  Пишува: Џо Кеохејн за Boston.com (Boston Globe Newspaper web site). Објавено со дозвола на авторот.           Една од најважните претпоставки врз кои се темели модерната демократија е дека е попожелно да се има информирано, отколку неинформирано граѓанство. „Кога луѓето се добро информирани, тие можат да имаат сопствена влада“, напиша Томас Џеферсон во 1789 година. Сè се

Mедиумите и предизвиците со кои се соочува судството

на 24. 09. 2013 | |
,,Македонскиот судски систем е пред слободен пад“ е почетната реченица на статијата во која се обелоденува дека заштитениот сведок на одреден случај бил приморан да лаже од полициските инспектори. (Написот е втор од вкупно два дела од поглавјето за судството и медиумите објавено во публикацијата со наслов: Анализа на независноста на судството во Република Македонија, изработена од страна на Институтот за човекови права. Првиот дел од анализата е

Независност на судството во медиумите

на 17. 09. 2013 | |
Судството игра централна улога во заштитата и одржувањето на независноста на медиумите, медиумите се тие кои ја проектираат и често пати ја зајакнуваат јавната доверба во транспарентната правда, судската независност и интегритет преку известувањето.  (Написот е прв од вкупно два дела од поглавјето за судството и медиумите објавено во публикацијата со наслов: Анализа на независноста на судството во Република Македонија, изработена од страна на Институтот за човекови права. Повеќе за

Фронтот за слобода на изразување бара повлекување на медиумските закони од собраниска процедура

на 27. 08. 2013 | | sq
Фронтот за слобода на изразување бара од Собранието на Република Македонија, да ги повлече од процедура предложените закони: закон за медиуми и закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи преку нив дополнително ќе се загрози слободата на говор во Македонија, особено со неоправданото опфаќање на печатените и интернет-медиумите со нови регулативи.

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

на 23. 08. 2013 | | sq, en
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на новинари-рецензенти. Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен

Видео туторијали за мултимедија и социјални медиуми наменети за новинари

на 13. 08. 2013 | | sq, en
Во рамките на проектот Обуки за новинари, фондацијата Метаморфозис изработи 8 видео туторијали со цел зголемување на знаењата и вештините на новинарите во насока на нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството. Туторијалите ги опфаќаат следните теми:
  • Снимање и обработка на аудио запис во Audacity
  • Креирање и обработка на видео во Windows Live Movie Maker
  • Креирање на слајдшоу од фотографии со Flickr
  • Употреба на сервисот SoundCloud за споделување

За авторцките работи, квантитето и новинарцкио Хипократ

на 31. 07. 2013 | |
Сферата на интернет медиумите во Македонија е хаотична – тоа е факт. Како што е хаотична со кои било вид на медиуми во Македонија, де. Уште на почеток, тоа не значи дека ни треба нов закон. Тоа значи дека треба да се почитуваат постојните пишани и непишани закони кои очигледно дека ако за некои важат, а за други не, на крај не важат за никој. Пишува: Зоран Ричлиев   фото:

Претплатете се за најнови вести