verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Балкански медиумски барометар: Македонија 2013

on 21 - 10 - 2013       

Балкански медиумски барометар: Македонија 2013.На 22 октомври 2013, вторник, 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје Фондацијата „Фридрих Еберт“ ја претстави публикацијата „Балкански медиумски барометар: Македонија 2013“, реализирана во соработка со НВО „Јавност“.

Медиумските барометри се инструменти за самопроценка кои овозможуваат мерење на статусот на слободата на изразување и, воопшто, слободата на медиумите во национален контекст.

Според информацијата од Фондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје:

Медиумскиот барометар што за првпат е спроведен во Македонија произлезе од панелот на кој учестуваа новинари и претставници на невладиниот сектор кои ги оценуваа состојбите во медиумската сфера. Панел-експертите од Македонија дискутираа и оценија листа од 44 показатели засновани врз стандарди утврдени во европските документи, повеќето од нив усвоени од Советот на Европа.

Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик во ПДФ формат преку веб-сајтот на Фондацијата Фридрих Еберт.

Претплатете се за најнови вести