verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

ЦРМ: Нетранспарентно менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

на 2. 07. 2014 | | sq
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека последниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на Владата, по скратена постапка, претставува уште еден обид за нетранспарентно и задкулисно интервенирање во закон кој директно ги допира слободата на информирањето и слободата на медиумите. Сметаме дека е крајно време, Владата да престане со игнорирање на медиумските организации и новинарските здруженија при интервенција во правни акти кои директно ги засегаат медиумската, но и пошироката јавност. Последниот обид да се направи интервенција во промената на овластените предлагачи на Програмскиот совет на МРТ, каде наместо досега предвиденото мнозинско новинарско здружение, се воведува и второ новинарско здружение, без при тоа да се консултира медиумската

УСАИД водич кон социјалните медиуми за граѓанскиот сектор

на 1. 07. 2014 | | sq
Во чест на Денот на социјалните медиуми 2014, УСАИД денеска објави водич за користење на социјалните медиуми. Публикацијата со наслов Социјални мрежи: Водич за засилување на граѓанското општество преку социјалните медиуми е изработена со цел да ги подучи невладините организации како да ги остварат своите комуникациски цели и успешно да им се обраќаат на своите публики преку социјалните медиуми. Водичот нуди преглед на добрите практики што се употребуваат кај социјалните медиуми за покренување важни теми и дебати на прашања од интерес за граѓанскиот сектор. Со оглед на фактот што социјалните медиуми брзо се менуваат, публикацијата не се концентрира кон индивидуална социјална платформа, но, наместо тоа на НВО-ата им се нуди решение како да им пристапат на социјалните медиуми во целина

Истражување: Дали државните институции во Македонија го искористуваат потенцијалот на новите технологии за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки?

на 16. 06. 2014 | | sq
Дали државните институции на Република Македонија го искористуваат потенцијалот на новите технологии за вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки? Ова е темата на студијата за јавни политики која ќе биде презентирана од страна на Фондацијата Метаморфозис на конференцијата која ќе се одржи на 17 јуни 2014 година (вторник), со почеток во 11:00 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Истражувањето на тема „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“, има за цел да го утврди тековното ниво на употреба на новите технологии од страна на државните институции на централно и локално ниво (gov.mk), односно можностите кои се понудени на граѓаните да се консултираат и

„Метаморфозис“ стана прва членка на ИФЕКС од Македонија

на 13. 06. 2014 | | sq, en
Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје стана членка на една од најголемите мрежи за слобода на изразување, ИФЕКС (www.ifex.org).  Станува збор за акциска мрежа, која сега има 88 членки во 60 земји, при што најголем дел од нив се во земјите во развој. Ве регионов мрежата има по една членка во Србија и Албанија (а од денес и од Македонија) и по две членки во Романија и Турција. Мрежата се обидува да го сврти вниманието кон настани и случки што влијаат врз слободата на изразување и преку своите канали, но и преку градење коалиции, работни групи, заеднички изјави, петиции и други активности со цел да се предизвикаат позитивни промени. Мрежата, исто така, организира конференции, работилници и објавува ресурсни материјали за да ги

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

на 5. 05. 2014 | | sq
Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на поискусни новинари-рецензенти. Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг

До кога медиумски силеџии неказнето ќе поттикнуваат насилство врз медиуми и новинари?

на 2. 05. 2014 | | sq
  Фронтот за слобода на изразување уште еднаш најостро го осудува говорот на омраза од Миленко Неделковски на неговиот портал „Дудинка“, кој поттикнува на насилство кон критички медиуми и кон конкретни новинари, колумнисти и политичари. Потсетуваме дека пред неколку седмици Фронтот за слобода на изразување јавно го осуди силеџискиот атак на Миленко Неделковски врз учесници на јавна ТВ-дебата, со зборовите: „Дојде време за метак у чело. Нема друг лек. Мора да се исчистиме од баграта“. Сега истата јавна личност, на својот портал, објавува листа на медиуми, новинари и политичари, повикувајќи на „Сечење на чировите“: „… чирот се отстранува хируршки. Со скалпел, со оштро сечиво.“  Групата на именувани медиуми и новинари се наречени „куп на ПЕДЕРИ ШТО РАБОТАТ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА

Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

на 30. 04. 2014 | | sq
На 29 април 2014 г., Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД го објавија следново заедничко оопштение: Заедничко соопштение на Делегацијата на Европската Унија и Мисијата на САД

Кога-тогаш, еден ден повторно ќе ни претстои нова долга транзиција

на 28. 04. 2014 | |
  Ќе ни престои ново отрезнување и закрепнување, нова транзиција – исто така мачна и долга.   Пишува: Зоран Иванов   Не дај Боже да падне оваа власт – дури е добро што таа не дава тоа да се случи. Ја јавнала волјата на малобројниот и од неа појармен македонски народ. Нам, на денешните негови изданки, очигледно ни годи мекиот тоталитаризам на каков што, од нас избраните партиски елити, нѐ

Заробени медиуми: Цензурата ја открива вистината

на 25. 04. 2014 | | sq
 

Најсрамен удар врз професионалното новинарство е кога секој ден уредниците пишуваат деманти на вестите кои не ги објавиле.

  Пишува: Ерол Ризаов   Живеам и работам како новинар во време на апсурди кога во заробените медиуми цензурата најдобро ја отсликува вистината. Ова е најсрамниот период во новинарството во овие четири децении откако сум во оваа професија, речиси подеднакво во двата општествено-економски и политички системи. Или да кажам поедноставно, поарчив

Дали иднината на Телма и 24Вести е доведена во прашање?

на 20. 04. 2014 | |

…Сакам со време да предупредам – ТВ Телма и ТВ 24Вести се соочуваат со опасност да бидат избришани! Затоа што се добри. А добри се затоа што се професионални и не молчат кога ќе падне наредба да се молчи и не лажат кога ќе падне наредба да се лаже. Во ова време тоа е доволно добро и доволно храбро за на овие две телевизии да им се заканува одмазда.

 

Претплатете се за најнови вести