verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

on 5 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на поискусни новинари-рецензенти.

Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен кодекс на етички и професионални стандарди усвоен од релевантна организација на новинари (оваа заложба за прифаќање на стандардите за саморегулација треба да се објасни во рамките на мотивационото писмо);
  • да имаат минимум 3 (три) години работно искуство во полето на медиумите;
  • да имаат аналитички способности;
  • добро да го владеат пишаниот албански и македонски литературен јазик.

Предност при изборот ќе имаат кандидатите кои:

  • моментално не се во работен однос во медиум од Македонија;
  • се членови на професионални здруженија на новинари кои се залагаат за унапредување на професионалните стандарди;
  • можат на професионално ниво да следат и да рецензираат написи и радио и ТВ прилози објавени во медиумите на албански јазик чие главно седиште е на територијата на Република Македонија.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација, како и линкови до 3 сопствени статии или скенирани објави, преку е-пошта на info[at]metamorphosis.org.mk.

Рокот за пријавување е до 10 јуни 2014 година.

Метаморфозис овозможува еднакви можности и фер и непристрасен третман при ангажирање соработници, без разлика на нивната раса, боја, пол, етничко потекло, возраст, попреченост, политичка поврзаност, брачен статус или сексуална ориентација.

—————————————————————————————————————————

Целта на проектот, поддржан од американскиот народ, е да се зголеми моќта на граѓаните на Македонија да бараат одговорност од страна на медиумите и да им помогнат на новинарите во исполнувањето на нивните професионални стандарди, преку онлајн-алатки за јавна едукација и подигнување на свеста.

Претплатете се за најнови вести