verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повик за новинари за учество во Програмата за лидери во медиумите во Македонија

on 13 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Англиски

IREX logo and US Embassy logo

ИРЕКС го објави отпочнувањето на новата Програма за лидери во медиумите во Македонија (Macedonia Media Leaders Program – MMLP) во која може да се пријават новинари и медиумски работници.

Програмата се стреми да ги зајакне медиумите во Македонија преку работа со медиумските професионалци преку развој на лидерски вештини, развивање на професионализмот во медиумите и ширење на професионалните мрежи. Преку скроени студиски престои, стипендистите ќе се здобијат со практични искуства во медиумскиот сектор во САД, преку учество во обуки за медиуми и лидерство. Финансиска поддршка за проектот е обезбедена преку Канцеларијата за односи со јавност при Амбасадата на САД во Скопје.

„Со радост ја започнуваме оваа нова програма која е направена со користење на успешната Програма за решенија од заедницата (Community Solutions Program).  Од претходното искуство со лидерите кои преку таа програма се вратија во нивните матични земју, убедени сме дека граѓаните на Македонија и САД ќе имаат голема полза и од оваа програма“ – изјави директорката на проектот Никол Мекем.

Повеќе информации за Програмата за лидери во медиумите во Македонија и критериумите за учество се достапни на нејзината страница (Macedonia Media Leaders Program).  Сите лица кои ги исполнуваат техничките критериуми се охрабрени да се пријават до крајниот рок на 24 јануари 2014 година. Одговори на прашањата во врска со програмата и процесот на пријавување може да се добијат по е-пошта до mmlp@irex.org.

Извор: New Macedonia Media Leaders Program Begins Recruitment. IREX. 12.12.2013.

Претплатете се за најнови вести