verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Стереотипи, нивната употреба и нивното зацврстување преку медиумите (2)

на 15. 07. 2013 | |
Стереотипи, нивната употреба и нивното зацврстување преку медиумите (2)
Пишува Роберто Беличанец , експерт за медиуми. Текстот е првобитно објавен на Окно.мк на 08.02.2012. Илустрации: Роршахови портрети од Бен Квилти. Прв дел од анализата…

Верските стереотипи на Балканот

За разлика од глобалните верски стереотипи, на Балканот верата претставува еден од клучните елементи на дефинирање на нацијата. Имајќи ја предвид јазичната и обичајната сличност на народите што живеат на Балканот, верата станува атрибут за припадноста кон нацијата. Од тој

Рецензија: Пратеници Македонци се залагале за Голема Албанија

на 10. 07. 2013 | |
Написот е етноцентристичен, националистички, го дискриминира правото на некого да се залага за ставови и вредности во кои верува. Текстот не ги задоволува професионалните стандарди затоа што не е следено едно од основните начела, да се праша „втората страна“. Така, текстот е со тенденција да обвини некого дека „не се залагал за македонска кауза“, туку за албанска, која е претставена како нешто погрешно, но „обвинетиот“ не е ни прашан за што, всушност, се залага. Линк до оригиналниот напис: Пратеници Македонци се залагале за Голема Албанија Датум и време на објавување: 16.05.2013, 09:53 Датум на рецензирање: 10.06.2013 Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ Вистинитост: Во написот се споменуваат имиња на пратеници за кои се изнесуваат тврдења дека се залагале за Голема Албанија, на

Рецензија: Никола Наумовски – Граѓани кои мислат дека се повредни од другите граѓани?

на 9. 07. 2013 | |
Навредлив текст насочен кон лична дискредитација на граѓански активист кој пријавил недозволено однесување од страна на полицијата. Линк до оригиналниот напис: Никола Наумовски – Граѓани кои мислат дека се повредни од другите граѓани? Датум и време на објавување: 03.07. 2013 Датум на рецензирање: 04.07.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Текстот е мешаница од интерпретации, манипулации и информации од анонимни и ненаведени извори. Единствен цврст факт во написот е тоа дека настанот всушност се случил.
Извори на информации: Покрај изјавата на Наумовски, авторот на написот се повикува на „очевидци“ и неименувани „експерти од областа на казненото право“. Во текстот се среќаваат и наводи што се совпаѓаат со верзијата на СВР Скопје во врска со инцидентот, но никаде не

Рецензија: Стопанската комора прогласена за најкомора во регионот

на 9. 07. 2013 | |
Ова е вест од која многу малку се дознава. Напротив, повеќе се прикрива, отколку што се информира. Таа отвора повеќе прашања отколку што нуди информации. Стопанската комора на Македонија добила признание (од кого точно, врз основа на кои критериуми, во што се состои признанието) за „најкомора“ (што точно значи тоа) на некоја средба во Сараево на комори од југоисточна и средна Европа за која не се знае точно кој учествувал (може да бидат од неколку до неколку десетици комори – регионални, национални или локални, трговски, индустриски и слично). Се употребуваат куп позитивни епитети за засилување на пораката: „упорност“, „професионалност“, „позитивност“, „извонредни резултати“, „горд на резултатите“ и слично, но повторно не е јасно на што тие се однесуваат – кои се

Стереотипи, нивната употреба и нивното зацврстување преку медиумите (1)

на 9. 07. 2013 | |
Стереотипи, нивната употреба и нивното зацврстување преку медиумите (1)
Пишува Роберто Беличанец, експерт за медиуми. Текстот е првобитно објавен на Окно.мк на 08.02.2012. Илустрации: Роршахови портрети од Бен Квилти. Стереотипот претставува слика заснована на предрасуда или полувистина која му се придава на „другиот“ или себе си врз основа на припадност на група. Стереотипот може да биде позитивен или негативен, но речиси секогаш, кога ќе се примени на ниво на единка, е невистинит. Така, на пример, стереотипот – „Германците

Рецензија: Тито Петковски подготвен за попустливост пред грчките уцени

на 8. 07. 2013 | |
Написот пренесува поенти од интервјуто на Тито Петковски, дадени за ТВ станицата „24 Вести“ на тема грчко-македонскиот спор околу името. Но, авторот, кој не е потпишан, не останува само на пренесеното, туку коментира нешто што Петковски не го изговорил и од тоа извлекува заклучоци. Тие го наведуваат читателот да заклучи дека Петковски би направил нешто што инаку е неприфатливо и непопуларно кај пошироката јавност, што индиректно го оцрнува. Дополнително, Петковски се дискредитира и со паушална и преувеличена констатација дека за своите ставови тој и претходно бил „осуден од целата македонска јавност“. Пристрасноста можела да биде избегната доколку беа изоставени коментаторските елементи и фокусот бил само на она што Петковски навистина го изјавил.   Линк до оригиналниот напис: Тито

Рецензија: Откриена е пирамида на Водно (ФОТО)

на 5. 07. 2013 | |
Темата за постоење на пирамиди на Водно е пласирана површно, еднострано и без критички однос кон податоците претставени на Фејсбук. Занемарена е основната функција на информацијата – да информира, нудејќи точни и релевантни факти, односно, отсуствува труд тие да се утврдат. Едноставно, по линија на најмал отпор, со copy-paste приод, пренесено е она што веќе може да се прочита на споменатата социјална мрежа и со тоа е пропуштена шанса да се изработи занаетски коректен и заокружен новинарски производ, како што доликува на вистински информативен медиум, кој претендира да биде сфатен сериозно од страна на читателите. Најлош впечаток остава тоа што веста не е довршена, туку е оставена на половина реченица, упатувајќи го читателот да се доинформира на сајтот 365.ком.мк. Линк

Рецензија: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови

на 5. 07. 2013 | |
Текстот е грубо спинување на јавноста и пласирање полувистини со цел читателот да добие впечаток дека Владата не погрешила со првичниот текст на Предлог – законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. Уште повеќе, написот ја промовира Владата како конструктивен фактор, токму во моментот кога се промовира втора верзија на законот, со што се прави обид да се амортизираат евентуални нови критики, особено од меѓународните институции, чии ставови во написот се девалвираат.
Линк до оригиналниот напис: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови Датум и време на објавување: 05.06.2013, 20:09 Датум на рецензирање: 05.07.2013 Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ Вистинитост: За овој што ја читал првичната верзија на предлог-законот, текстот изобилува со полувистини и факти

АПЦ: Македонската влада презема чекори за ограничување на слободата на говорот на интернет и зголемување на државната контрола врз медиумите

на 5. 07. 2013 | | sq, en
Македонија е една од многуте земји во кои граѓаните се борат за демократија и против мерките за контрола на медиумите и ограничување на слободата на изразување и пристап до информации на (и надвор од) интернет. Најнова мерка е предложениот Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги со кој ќе се бара сите медиуми – и печатени и на интернет, да се филтрираат преку централизирана владина агенција со што всушност ќе и се овозможи на владата законски да филтрира и да цензурира содржини. На 8-ми април 2013 година, македонскиот министер за информатичко општество и администрација ја претстави нацрт-верзијата на законот и најави 60-дневен период за јавни консултации, кој формално би завршил на 8-ми јуни. За време на развивањето на оваа прва

ЕДРИ: Нов закон со кој се загрозува слободата на изразување во Македонија

на 5. 07. 2013 | | sq, en
Новиот македонски закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги создава сериозни ризици за слободата на изразување во Македонија. Со новиот закон се проширува делокругот на државната контрола од електронските медиуми (што е оправдано бидејќи тие користат ограничен јавен ресурс, имено безжичниот спектар) на сите видови медиуми, вклучувајќи ги и печатените и медиумите на интернет. Ова е неоправдано и непотребно и во голема мера ги надминува условите на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги 2010/13/ЕУ. Понатаму, премногу широките дефиниции (на пример, концептот новинари) и нејасни формулации создаваат ризик и можност за произволни толкувања од страна на државните регулатори, со што би се зголемил ризикот од поткопување на слободата на изразување. Подготовката на законот се одвиваше без ефективни консултации со релевантните

Претплатете се за најнови вести