verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови

on 5 - 07 - 2013       

Текстот е грубо спинување на јавноста и пласирање полувистини со цел читателот да добие впечаток дека Владата не погрешила со првичниот текст на Предлог – законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги.

Уште повеќе, написот ја промовира Владата како конструктивен фактор, токму во моментот кога се промовира втора верзија на законот, со што се прави обид да се амортизираат евентуални нови критики, особено од меѓународните институции, чии ставови во написот се девалвираат.
Рецензија: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членовиЛинк до оригиналниот напис: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови

Датум и време на објавување: 05.06.2013, 20:09

Датум на рецензирање: 05.07.2013

Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ

Вистинитост: За овој што ја читал првичната верзија на предлог-законот, текстот изобилува со полувистини и факти ставени во погрешен контекст. На пример, авторот во врска со членот 4 пишува:

„Овие одредби и во земјава беа различно толкувани, а од одредени кругови во еснафот беа оценети дури и како обид за озаконување на цензурата.“

Вистината е дека во самата верзија на законот, се озаконува цензурата, односно јасно е наведено дека ниту една одредба не смее да се толкува како цензура, освен во случаите:

…„заради заштита на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавниот ред и мир, спречување немири и казниви дела, заштита на здравјето или моралот, заштита на угледот или на правата на другите, спречување за откривање на доверливи информации или заради зачувување на авторитетот и независноста на судската власт.“

Извори на информации: Во текстот не е наведен извор на информациите, освен во еден дел, каде се споменува одреден коментар на министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Содржајност: Текстот ги прикрива информациите, на пример, вистинската содржина на првичната верзија на законот. Исто така, прикрива голем дел суштински забелешки на ОБСЕ за тоа дека предложената верзија на законот ги намалува медиумските слободи, како што е таа дека треба целосно да се избрише одредбата во која печатот и интернет изданијата се поистоветуваат и е потребно да се регистрираат.

Советот на Европа е со слични забелешки, дека не би било добро да се бара да се регистрираат овие медиуми, туку за печатените медиуми и нивните интернет изданија да се направи посебен закон, по пример на европските земји. Тие примери покажуваат дека интенцијата на законодавецот не е да ограничува затоа што одредбите повеќе се однесуваат на правата, одошто на обврските.

Сосема е несеопфатна, бидејќи авторот не цитира ниту една забелешка на ОБСЕ и Советот на Европа, туку ги коментира и раскажува, без да наведе извор, така што читателот не може да се информира што точно тие напишале и кои аргументи ги користеле.

Пристрасност: Написот е класичен спин и извртување на вистината, во кој се прави обид за омаловажување на релевантните меѓународни организации на сметка на промовирање на Владата како кооперативен и разумен фактор.

На пример, на тркалезната маса во врска со овој закон во организација на МИМ и ЗНМ на 6 јуни 2013 г. во Скопје, токму претставникот на власта (од Министерството за информатичко општество и администрација) реагираше кај претставникот на Советот на Европа (Берн Мовес) дека нивните забелешки и оние на ОБСЕ се различни, на што доби одговор дека разликите се несуштински делови, а не за клучните проблеми.

Индикативно е што ставовите изнесени во овој напис, без наведен извор, се идентични на изјавите на претставниците на власта, а контрадикторни на она што го изјавуваат претставниците на релевантните меѓународни институции.

Коментирање: Написот е главно коментаторски, при што не се изнесуваат целосни аргументи за тврдењата на авторот, односно нема извори и не е повеќестран, за да овозможи на читателот да се информира, туку ја манипулира читателската публика.

Квалитет на насловот: Насловот е соодветен за написот, покажува за што точно пишува авторот, но е тенденциозен како и самиот текст.

Фотографија: На фотографијата се прикажани двајца сниматели, од кои едниот му притиска копче на камерата на другиот, со што, се прави приказ дека некој „ја учи владата, но погрешно“, односно согласно на пораката што ја праќа текстот, дека „тие што делат совети, самите се во конфузија, но Владата сепак е кооперативна“.

Говор на омраза: Нема говор на омраза, но јасна е тенденцијата на омаловажување на ОБСЕ и Советот на Европа, кои се прикажани како конфузни, со различни ставови за суштински елементи од законот.

Заклучок: Овој напис е класичен пример за манипулантско информирање, спинување и дезинформирање на јавноста. Текстот е непрофесионално напишан, без наведен извор, така што за дел од изнесените факти не може да се утврди дали се веродостојни, а дел се груби дезинформации.

Информациите за забелешките на меѓународните институции и организации не се темелат на факти и извори, и се тенденциозни.

Заклучокот е дека ова е еден од честите примери на непрофесионално информирање во насока на спинување на јавноста, а во корист на промовирање на владините ставови и политики.

Рецензија: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести