verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Тито Петковски подготвен за попустливост пред грчките уцени

on 8 - 07 - 2013       

Написот пренесува поенти од интервјуто на Тито Петковски, дадени за ТВ станицата „24 Вести“ на тема грчко-македонскиот спор околу името. Но, авторот, кој не е потпишан, не останува само на пренесеното, туку коментира нешто што Петковски не го изговорил и од тоа извлекува заклучоци. Тие го наведуваат читателот да заклучи дека Петковски би направил нешто што инаку е неприфатливо и непопуларно кај пошироката јавност, што индиректно го оцрнува.

Дополнително, Петковски се дискредитира и со паушална и преувеличена констатација дека за своите ставови тој и претходно бил „осуден од целата македонска јавност“.

Пристрасноста можела да биде избегната доколку беа изоставени коментаторските елементи и фокусот бил само на она што Петковски навистина го изјавил.

 

Рецензија: Тито Петковски подготвен за попустливост пред грчките уцениЛинк до оригиналниот напис: Тито Петковски подготвен за попустливост пред грчките уцени

Датум и време на објавување: 03.07.2013, 12:55

Датум на рецензирање: 04.07.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Доколку се занимаваше само со фактите изнесени во интервјуто на Петковски, авторот немаше да дојде во ситуација да биде доведена во прашање веродостојноста на наводите во написот.

Извори на информации: Единствениот извор на информации е конкретното ТВ интервју на Тито Петковски.

Содржајност: Сомнежот дали можеби прикрива информации, во случајов произлегува од некоректното пренесување поенти од интервјуто на Тито Петковски. Евидентни се обидите на авторот да го пишува и она што Петковски не го кажал, туку тој, авторот, заклучил дека „е јасно“ за што станува збор.

Пристрасност: Коментаторските елементи во написот имаат ефект на дискредитација на Петковски како политичар и не е реално да се очекува новинарот тоа да не го разбрал. Поради тоа, ова извртување на вистината укажува на политичка пристрасност кај авторот на написот.

Коментирање: Коментарите на авторот на текстот се интегрирани во информацијата, па текстот треба внимателно да се чита за да се види што Тито Петковски навистина изјавил.

Квалитет на насловот: Насловот на текстот го одразува пристрасниот пристап на авторот кон материјата која ја обработува.

Фотографија: Текстот е илустриран со понова фотографија на Тито Петковски, кој зборува и гестикулира и е коректна илустрација во недостиг на оригиналната снимка од ТВ интервјуто.

Говор на омраза: Евидентен обид за политичка дискредитација на Петковски по прашање на неговиот став за потребен компромис околу името со Грција претставува сугестијата на новинарот дека отстапките за кои зборува Петковски „јасно е дека се промена на името идентитетот и јазикот на македонскиот народ“.

Заклучок: Информација која се состои од прераскажани поенти на нечие интервју или јавен настап не е непозната новинска категорија. Но, како и кај сите, така и во овој случај, мошне е важно поентите, односно клучните реченици коректно да бидат пренесени и да не бидат коментирани, односно да биде запазена потребната дистанца на новинарот од пренесената содржина.

Едно од основните правила на новинарството е исказите на другите луѓе да бидат пренесени точно и коректно како цитати или, пак, парафразирани така што да не ја изгубат смислата и точноста. Најмалку, пак, прифатливо е во уста да им се ставаат работи кои тие не ги изговориле, а потоа тие да се коментираат произволно.

Во овој случај авторот не само што си дал за право да коментира, туку тие коментари се тенденциозни, насочени кон дискредитирање на субјектот со чие интервју тој се занимава.

Рецензија: Тито Петковски подготвен за попустливост пред грчките уцени

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

веродсотојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

официјални, неофицијални, аноними

релевантни, нерелевантни,

1 извор: 1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатна

прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

има

има

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести