verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Стојан Синадинов

„Упатство за употреба“ во случај да фатите педофил во вашата куќа

на 22. 07. 2014 | |

[Рецензија: Родена мајка да не го препознае!: Татко во Дејтона Бич, Америка, го фатил овој педофил на дело како го силува неговиот 11 годишен син во нивната куќа, и му „пресудил“ сам!]

Што се случува кога во пренесувањето на некоја вест попатно се додаваат елементи кои, безмалку, треба да им послужат како „поука“ на домашните читатели? Во случајот со овој текст, акцентот во веста за случката во САД, кога таткото го затекнал бебиситерот како го силува неговиот 11-годишен син, е ставен на тоа како поединецот ја презема правдата во свои раце. Со „сочното“ коментирање како дополнување на веста, судбината на жртвата на силувањето е ставена во втор план. Линк до оригиналниот напис: Родена мајка да не го препознае!: Татко во

Рецензија: Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден

на 18. 07. 2014 | |
Желбата за читаност, т.е. кликаност на вестите на порталите не еднаш довела до сензационални наслови. Но, откако ќе се прочита текстот, тие испаѓаат не само непропорционални на неговата содржина, туку звучат дури и комично. Линк до оригиналниот напис: Крв се лееше низ скопските улици во текот на вчерашниот ден Датум и време на објавување: 16.07.2014 Датум на рецензирање: 17.07.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Текстот се темели на факти од билтенот на Министерството за внатрешни работи. Фактите се точни во поглед на бројот на сообраќајките во текот на едно деноноќие, бројот на повредените и причинетата материјална штета. Никаде во текстот нема податок дека се работи за тешко повредени. И споредбата со текстовите во други медиуми ја покажува „гладта за крв“ во овој

Социјална пресуда за битолскиот „стар беќар“

на 15. 07. 2014 | |

[Рецензија на текстот: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски]

Продолжената најава на некој настан, како во овој случај, и покрај тоа што дава солиден преглед на еден трагичен случај, статусот на семејната состојба на починатиот пежоративно е дисквалификувана на социјален план со квалификациите ставени на ударно место – во насловот и поднасловот, Линк до оригиналниот напис: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски Датум и време на објавување: 13.07.2014 Датум на рецензирање: 14.07.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Текстот е преглед на судскиот случај или сторија со фактите од случајот во кој е обвинет медицински техничар за „убиство од небрежност“. Извори на информациите се судките рочишта и записници. Најавата има сеопфатен бекграунд на сторијата за трагичниот случај,

Кога на „Цивил“ му се навлекува војничка униформа

на 10. 07. 2014 | |

[Рецензија: „Цивил“ одработува туѓи црни сценарија – подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти]

Текстот уште во воведот не крие дека овој пат ја има невладината организација „Цивил“ за отстрел. Но, не само по повод актуелните случувања околу протестите заради случајот „Монструм“, туку и заради претходните активности на „Цивил“, кои за порталот се проопозициски, односно СДСМ-овски настроени. Како „докази“ за ваквите оцрнувања, се користат наводните мислења на неименувани „експерти“. Линк до оригиналниот напис: „Цивил“ одработува туѓи црни сценарија – подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти   Датум и време на објавување: 08.07.2014 Датум на рецензирање: 09.07.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Вистинитоста дека „Цивил“ одработува туѓи сценарија се „експертите со кои разговараше порталот Пресс 24“. Секако, нивните имиња ги нема во текстот. Изворите

Претплатете се за најнови вести