verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога на „Цивил“ му се навлекува војничка униформа

on 10 - 07 - 2014       
Овој напис го има и на: Англиски

Цивил одработува туѓи црни сценарија   подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти Press24-crop-resize

[Рецензија: Цивил“ одработува туѓи црни сценарија – подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти]

Текстот уште во воведот не крие дека овој пат ја има невладината организација „Цивил“ за отстрел. Но, не само по повод актуелните случувања околу протестите заради случајот „Монструм“, туку и заради претходните активности на „Цивил“, кои за порталот се проопозициски, односно СДСМ-овски настроени. Како „докази“ за ваквите оцрнувања, се користат наводните мислења на неименувани „експерти“.

Цивил одработува туѓи црни сценарија   подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти Press24Линк до оригиналниот напис: „Цивил“ одработува туѓи црни сценарија – подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти

 

Датум и време на објавување: 08.07.2014

Датум на рецензирање: 09.07.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Вистинитоста дека „Цивил“ одработува туѓи сценарија се „експертите со кои разговараше порталот Пресс 24“. Секако, нивните имиња ги нема во текстот.

Изворите на информации, така, се фантомските експерти, кои, пак, според написот, точно ја знаат агендата на „Цивил“ – „да ја оцрнува државата пред странската јавност, но и да ја јаде одвнатре со креирање на конфликти и судири“.

Содржајноста на текстот се сведува на набеденото сценарио на „Цивил“, но и на Фондацијата отворено општество Македонија. Понатаму, на „Цивил“ не му се простува ниту земањето во заштита на семејството Зеќири од Радишани, бидејќи, според текстот, со тоа предизвикува конфликти во мешаните етнички средини, а потоа ги напаѓа институциите на власта дека не биле способни да се справат со тие конфликти.

Освен во оцрнувањето на државата и нејзините институции, невладината организација „Цивил“ се обидува да ја јаде државата и одвнатре, создавајќи атмосфера на конфликти и судири.

Ова е ставот на ескпертите со кои разговараше Пресс24. Според нив, невладината Цивил, која е дирекно финансиски поврзана со фондацијата СОРОС Македонија која годишна на располагање има 5 200 000 евра, странски донации, кои ги употребува за напаѓање на актуелната влада. На чело на фондацијата е Владимир Милчин, поранешен висок финкционер на СДСМ кој преку невладини оргнизации и марионети како Цивил ја спроведува партиската политика на СДСМ.

Пристрасноста на текстот е очигледна. Речиси сѐ што е невладина организација ја оцрнува државата преку медиумите финансирани од Фондацијата отворено општество Македонија.

Текстот на порталот е нападно коментирање на работата на невладината организација, користејќи ставови на неименувани експерти. Според тесктот, активностите на „Цивил“ се само дел од ракописот на СДСМ.

– Цивил, во своите квази – експертски извештаи ги подели медиумите на: одважни и достоинствени на една страна, чии новинари ги претставува како мета на секојдневни закани, притисоци, тужби и говор на омраза кој го промовираат медиумски истакнати апологети на политиките на владата, и провладини медиуми, кои според Цивил, го промовираат говорот на омраза, вулгарностите и грубиот речник, велат експертите.

Во секој случај, дури и не може да се одреди дали текстот е суштински „оригинален“, бидејќи се повикува на фантомски мислења.

Насловот е тенденциозен и има за цел да ја оцрни невладината организација. Од првиот до последниот ред текстот е интониран како пресуда за време на војна, или на поствоени судења.

Користејќи ја веќе толку распространетата синтагма „како што велат експертите“, без наведување факти, текстот е уште еден отстрел на невладина организација на какви што сме сведоци деновиве.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести