verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Упатство за употреба“ во случај да фатите педофил во вашата куќа

on 22 - 07 - 2014       

КАНАЛ-5-Телевизија-098-09876-crop-resize

[Рецензија: Родена мајка да не го препознае!: Татко во Дејтона Бич, Америка, го фатил овој педофил на дело како го силува неговиот 11 годишен син во нивната куќа, и му „пресудил“ сам!]

Што се случува кога во пренесувањето на некоја вест попатно се додаваат елементи кои, безмалку, треба да им послужат како „поука“ на домашните читатели? Во случајот со овој текст, акцентот во веста за случката во САД, кога таткото го затекнал бебиситерот како го силува неговиот 11-годишен син, е ставен на тоа како поединецот ја презема правдата во свои раце. Со „сочното“ коментирање како дополнување на веста, судбината на жртвата на силувањето е ставена во втор план.

КАНАЛ 5   ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Родена мајка да не го препознае!: Татко во Дејтона Бич, Америка, го фатил овој педофил на дело како го силува неговиот 11 годишен син во нивната куќа, и му „пресудил“ сам!

Датум и време на објавување: 20.07.2014

Датум на рецензирање: 21.07.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Веста е пренесена од некој од порталите на англиски јазик, а користените извори се еднострани и ја застапуваат само едната страна.

Текстот не е сеопфатен, бидејќи се базира само на приказната за претепувањето на педофилот како „вест на денот“. Текстот не се потрудил да пронајде и други битни детали од сторијата, а со малку сурфање на интернет можат да се најдат податоци.

Се работи за пренесена вест, но без да се наведе изворот и без линк до оригиналниот текст. Проблемот во неа не е пристрасноста, туку коментаторските елементи со кои е „проширена“ и „надградена“ веста.

Под коментирањето во насловот „И родена мајка да не го препознае!“, во текстот се коментира:

„Потоа ја земал правдата во свои раце, по што ми го променил личниот опис на овој кретен, па самиот пријавил во Полиција, при што им препорачал да повикаат и Брза Помош, зошто го направил крвава дамка!“.

Пренесувајќи го ставот на полицијата од Дејтона Бич, Флорида за овој случај, чиј шеф за медиумите изјавил дека таткото на детето се однесувал како вистински татко и затоа не треба да биде покренато обвинение против него, текстот надвор од контекстот додава:

„Колку за потсетување, во Македонија постои регистар на педофили.“

Насловот на текстот е некреативен, сензационален, несоодветен и тенденциозен.

Со инсистирањето на преземање на правдата во свои раце, без разлика на тоа што се работи за полов напад на дете под 12 години, текстот оди по тенката линија на суптилно поттикнување на насилство.

Со интегрираните коментирања, како и со „потсетувањето“ дека и кај нас постои регистар на педофили, текстот се однесува како „упатство за употреба“ за некој можен иден педофилски случај. Што би се рекло, за секој случај.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести