verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Семејната прошетка на мечињата не е на Водно, туку во САД

на 21. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:ФОТО: Семејна прошетка на Водно ] Фотографија од мајка мечка и четири малечки слатки мечиња се појави на социјалните мрежи и на некои веб портали и предизвика голема заинтересираност. Во описот на фотографиите стои дека мечката и малите мечиња се сликани на Водно односно во непосредна близина на Свети Пантелејмон, што е невистина.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Семејна прошетка на Водно Датум и време на објавување: 20.5.2020 Датум на рецензија: 20.5.2020

Сè уште не се знае дали за патување во Грција ќе треба тест за коронавирус

на 20. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Дали се исплаќа задоволството: За тестовите за корона за Грција, ќе треба да се платат 680 евра] Текстот што го рецензираме не нуди доказ дека четиричлено семејство треба да  плати 680 евра за тестови за  коронавирусот, ако сака да патува во Грција. Протоколот за патување помеѓу Македонија и Грција сè уште не е утврден и оттука сè уште не е познато дали ќе бидат потребни тестови и

Шпанскиот грип и други зарази ја пустошеле Македонија на крајот на Првата светска војна

на 20. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација Крајот на Првата светска војна на просторот на јужен Балкан и на територијата на денешната македонска држава, освен големите воени разорувања и жртви од воените дејствија кај локалното население бил одбележан и со појавата на епидемијата на шпанскиот грип. Болеста, предизвикана од Х1Н1 вирус на грип со необична јачина, бргу се раширила не само помеѓу војниците и завојуваните страни, кои ги водеа завршните битки на Првата Светска војна,

Кога медиумот има свои аршини за здравствени протоколи

на 20. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Мицкоски и Заев беа во изолација, Пендаровски продолжува со работа] Иако, кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски детално ја информираше јавноста за лице од неговото обезбедување позитивно на тест за коронавирусот, медиумот непотребно се „грижи“ за здравјето на шефот на државата.
Линк до оригиналниот напис: Мицкоски и Заев беа во изолација, Пендаровски продолжува со работа Датум и време на објавување: 18.05.2020 Датум на рецензија: 18.052020 Рецензент: Стојан Синадинов Овој напис уште

Фејсбук-статус врамен со вулгарен наслов

на 19. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје] Материјалот што е предмет на оваа рецензија е целосно непрофесионален и неетички, на читателите им е понудена Фејсбук-објава врамена со вулгарен наслов.
Линк до оригиналниот напис: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје Датум на објавување: 15.05.2020 Датум на рецензија: 18.05.2020 Рецензира: Дрилон Салиу Имено, целиот напис се состои во следново:

Кој за што, „Доказ“ за секс и швалерки!

на 18. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Фризерката Пацка, пациентката на Доказ решила да обзнани кои се ги легнала во СДСМ за вработување] Рецензираме текст кој суштински не содржи ништо што според професионалните стандарди е вредно за вест или извештај. Напротив, овде станува збор за таргетирање на најниските страсти на читателската публика, односно озборувања, препукувања, колнења, трач и сето тоа надополнето со сексистички квалификации и инсинуации за вработена во МЕПСО.
Линк до оригиналниот напис: Фризерката

Немало важечка одлука кафетериите во Гостивар да работат на начин “Земи и оди”

на 18. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација

Владата на Северна Македонија не донесе одлука кафетериите во Гостивар да работат на начин „Земи и оди“. Истото не би се случило ниту на 1-ви мај, а медиумите што така известиле, дезинформирале. Овој заклучок доаѓа од прегледот на известувањата на централната и локалната власт

принтскрин од целата вест
Линк до оригиналниот напис: „Во Гостивар од утре кафетериите ќе работат според моделот „Земи и оди“   Në Gostivar që nesër

Обвинителката Русковска на мегдан за Шарената револуција, „незгодниот“ сведок – забошотен

на 15. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Рускоска беше дел од Шарената револуција, значи ли тоа дека го поддржува палењето на канцеларијата на Иванов?] Извештај од судско рочиште на високопрофилен правен случај селективно ги пренесува информациите за она што се случило и што било кажано на судењето, доведувајќи го читателот во заблуда и креирајќи поинаква слика од реалната. Ваквото пристрасно и искривено информирање, за среќа лесно се разоткрива со вкрстување на податоците кои се наведуваат

СДСМ и Заев не го подготвиле протоколот за избори

на 15. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Филипче по налог на Заев и СДСМ подготви протокол за изборна кампања среде корона?] Прашалникот во насловот не го намалува фактот дека во него се тврди дека министерот за здравство, Венко Филипче по партиски налог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев подготвил протокол за изборна кампања среде корона. Меѓутоа, протоколот го има подготвено Комисијата за заразни болести во која членуваат медицински лица и чиј состав е броен и може да се прочита

Сензационалистички и непроверени детали од лидерската средба се „продаваат“ како ексклузивност

на 14. 05. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ЛИДЕРСКАТА: Заев бил отсутен, Дескоска била суфлер!] Овој текст во кој се изнесени наводни ексклузивни детали од лидерската средба, нема никаква врска со професионалното новинарско известување, туку личи на приказна раскажана пред маалска продавница.
Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ЛИДЕРСКАТА: Заев бил отсутен, Дескоска била суфлер! Датум и време на објавување: 13.5.2020 Датум на рецензија: 13.5.2020 Рецензент: Симона Атанасова Средбата на лидерите на политичките партии кај

Претплатете се за најнови вести