verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сè уште не се знае дали за патување во Грција ќе треба тест за коронавирус

on 20 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Дали се исплаќа задоволството: За тестовите за корона за Грција, ќе треба да се платат 680 евра]

Текстот што го рецензираме не нуди доказ дека четиричлено семејство треба да  плати 680 евра за тестови за  коронавирусот, ако сака да патува во Грција. Протоколот за патување помеѓу Македонија и Грција сè уште не е утврден и оттука сè уште не е познато дали ќе бидат потребни тестови и колку тие ќе чинат.

Линк до оригиналниот напис: Дали се исплаќа задоволството: За тестовите за корона за Грција, ќе треба да се платат 680 евра

Датум на објавување: 15.05.2020

Датум на рецензија: 18.05.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Текстот што го рецензираме дезинформира дека, доколку граѓаните сакаат да патуваат во Грција ќе треба двапати да се тестираат, односно 50 евра по лице за излез од државата и 120 евра кога ќе ја напуштаат Грција.

Имено при тргнување од земјата, сите членови на семејството ќе мораат да се тестираат, што чини околу 50 евра по лице.Потоа истото ќе мораат да го направат при тргнување од Грција, само што во оваа земја, тестот чини неверојатни 120 евра. Така се доаѓа до сума од 170 евра по лице, односно 680 евра за четиричлено семемјство само за влез и излез од земјата. 

На средбата која што министерот за здравство Венко Филипче ја оствари со неговиот грчки колега Василис Кикилиас минатата недела, не беа дефинирани детали како ќе се одвива патувањето помеѓу двете држави, односно дали ќе бидат потребни тестови и колку ќе чинат. Предлог-протоколите ќе бидат подготвени оваа недела, а потоа ќе бидат усогласени и потпишани.

Во текот на следната недела двете земји ќе ги подготват предлог протоколите кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани. Исто така, овие протоколи ќе бидат разговарани и со другите соседни земји со цел унифициран пристап и услуги во регионот кој значително ќе им го олесни движењето на граѓаните, беше истакнато во соопштението од Министерство за здравство минатата недела.

По повод посетата на Атина, министерот за здравство Филипче во интервју за телевизија Сител, потврди дека оваа недела ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција. На прашањето дали ќе ни требаат тестови, одговори дека сè уште не е ништо договорено.

Ние спремивме еден документ кој треба да го разгледаме оваа недела во однос на сите предности и недостатоци во пристапот за барање на тестовите. Кога ќе го разгледаме, заедно и со начинот со кој би се олеснил и транзитот преку границите, верувам дека ќе го најдеме и заедничкиот начин за соработка, рече Филипче во интервјуто.

Имајќи предвид дека сè уште не се познати условите под кои ќе се патува во Грција, не може да се потврди дека патувањето во Грција едно семејство  ќе го чини 680 евра за тестови за коронавирусот. Најпрво не е познато дали ќе требаат тестови. Оттука, и тврдењето дека „при тргнување од Грција ќе треба да се направи повтроно тестирање“ , исто така е шпекулација.

А дезинформација е и тврдењето дека цената на тестот кај нас е 50 евра по лице, бидејќи според понудите на одредени приватни лаборатории, цената на чинење на еден тест кај нас може да изнесува и 1.500 денари.

Гледано во целина, овој текст не се базира на проверени информации и изнесените тврдења во него не се поткрепени со факти, како што предвидуваат професионалните и етички стандарди дефинирани во Кодексот на новинарите. Па, онака како што е напишан и пласиран, тој наместо да информира, ја дезинформира јавноста уште со самиот наслов.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести