verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фејсбук-статус врамен со вулгарен наслов

on 19 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје]

Материјалот што е предмет на оваа рецензија е целосно непрофесионален и неетички, на читателите им е понудена Фејсбук-објава врамена со вулгарен наслов.

Линк до оригиналниот напис: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје

Датум на објавување: 15.05.2020

Датум на рецензија: 18.05.2020

Рецензира: Дрилон Салиу

Имено, целиот напис се состои во следново:

За најновата одлука дека ќе има митинзи пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, Ивор Мицковски напиша:

Митинзи ќе имало, а богами и врата до врата.

Политиката е игра на компромиси, макар и ј***** м*** на здрава логика и јавно здравје.

Инаку, поентата на врата до врата е покрај тоа да се провери расположението на електоратот и да се подели и пропаганден или брендиран материјал.

Тотална бесмислица, а што се однесува до почитување на мерките, кога станува збор за активирање голема маса на народ во ограничен простор и време, заборавете дека некој ќе ги почитува.

Содржината на текстот, фактички е препишан фејсбук-статус, има линк којшто води до него и толку. Нема никакви други дополнителни информации, ниту, пак, се дава некакво појаснување за пошироката публика кој е авторот на статусот – освен што е наведено името и презимето.

Во текстот не се претставени, на пример, ставовите од политичките партии за Протоколот за избори подготвен од Комисијата за заразни болести, а со кој се дефинира спроведувањето на целокупниот изборен процес – од предизборните активности до денот на гласањето, во услови на епидемија од коронавирус.

Според тоа што досега е кажано (19.05.2020), нема најава за одржување на партиски митинзи. Имено, од владејачката СДСМ сметаат дека не треба да има митинзи за време на кампањата и партијата најави дека нема да организира собири од таков тип. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сè уште немаат став за ова, оттаму не го коментира Протоколот „сè додека не се исполнат сите услови за одржување изборите“. ДУИ и Алијансата на Албанците (АА) го подржуваат Протоколот и не најавија масовни собири.

Но, во текстот не е направена ваква проверка. 

Освен тоа, пласирани се  вулгарности со цел понижување и нарушување на угледот на личностите кои се споменуваат во насловната конструкција. Па иако, во  Фејсбук- статусот не споменува конкретно ниту еден политичар, ниту институција, несомено намерно е креиран наслов со исклучително недолична содржина во кој е заклучено дека авторот на статусот ги „средил” Заев и Филипче: МИЦКОВСКИ ГИ ПОПAPИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Ј****о матер на здрава логика и јавно здравје“

Неспорно е дека авторот на ФБ-статусот може преку социјалните мрежи да искаже свое мислење, но новинарот при пренесување на содржините треба да ги почитува етичките норми. Пред сè, да знае како се пишува вест и што сè треба да опфаќа една содржина за да може да се квалификува  како информативна. Да не заборава дека при пишување на вест треба да сè има одредена порака, цел и влијание врз јавното мислење, а сето тоа преку изнесување факти, кои во овој случај ги нема.

И, се разбира, добрата новинарска практика налага никако да не се употребува навредилив тон и медиумот да не се користи за лична пресметка.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести