verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Лажна е веста дека американски професор е уапсен бидејќи го создал коронавирусот, па ѝ го продал на Кинa

на 10. 04. 2020 | |
[Рецензија:„ФБИ пред два месеца го уапси човекот кој го направил и го продал короната вирусот во Кина“ (Видео)] Рецензираме напис кој безуспешно се обидува да направи сензација објавувајќи лажна вест, па згора на тоа и стара повеќе од два месеца. Во него се тврди дека еден универзитетски професор од бостонскиот Харвард, наводно, го направил коронавирусот во својата лабораторија и им го продал на двајца Кинези, и тоа повикувајќи се наводно

Филипче не генерализраше дека пациентите заболени од коронавирус се со лесна слика

на 9. 04. 2020 | |
[Рецензија: Додека Филипче во емисија тврди како пациентите се со лесна слика, еден пациент почина по пат накај болница] Текстот што го рецензираме уште со насловот ја дезинформира јавноста, бидејќи министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“ воопшто не генерализираше дека пациентите заболени од коронавирус се со лесна слика. Филипче уште на почетокот на емисијата најпрво опширно говореше за најтешката форма на болеста, а дури потоа се

Навредите не се лек против коронавирусот

на 9. 04. 2020 | |
[Рецензија Ова м..аре богато заразувало по Карпош] Новинарскиот кодекс во членот 13 јасно утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Во текстот што го рецензираме, сето ова е измешано, фактите и мислењата не се јасно раздвоени, а во насловот се користи навреда. Понатаму, дали некој е богат или сиромашен во материјална смисла, не е воопшто релевантен податок кој укажува на евентуално сторување на

Анонимно видео ја дезинформира јавноста дека здравствениот систем е во распад

на 8. 04. 2020 | |
[Рецензија: Јутјуб видео: Здравствениот систем во распад] Во анонимно видео прикачено на Јутјуб, кое се шири на социјалните мрежи, изнесени се повеќе невистини и манипулации поврзани со коронавирусот. Целото видео е направено во насока на дискредитација на министерот за здравство, Венко Филипче и целата власт, а тоа се прави неосновано и тенденциозно. На видеото не му се знае авторот, а за податоците изнесени во него не е понуден никаков извор на информација,

Една „вакцина“ за инфодемијата со три основни прашања

на 8. 04. 2020 | |
Фото: принтскрин Portalb.mk
Инфодемијата е „болест“ на непроверени информации што се пласираат во јавноста и овој „вирус“ може да се пренесе од една до друга личност. „Чистете ги рацете често“, за да расчистиме и да ја анализираме секоја информација што ја добиваме пред да ја дистрибуираме. И, затоа треба да си поставиме најмалку три прашања, како најдобрата „вакцина“ против инфодемија: дали е изворот доверлив, дали е оваа вест објавена во

Граѓаните заслужуваат точна информација, а не манипулација за тестовите за корона

на 7. 04. 2020 | |
[Рецензија: ФИЛИПЧЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА KPИВИЧНО ЗА ЗАГPOЗУВАЊЕ НА ЗДPAВJЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Растот е далеку од линеарен, времето ќе покаже која е причината за маaнипyлациите] Крајно коментаторски и едностран текст чијашто главна цел е премногу очигледна а тоа е дискредитација на министерот за здравство Венко Филипче. Оној што го пишувал текстот оди дотаму што влегува и во улога на адвокат и обвинител, па тенденциозно проценува дека Филипче ќе треба да

Маска-дипломатијата на Кина како глобална ПР стратегија

на 7. 04. 2020 | |
илустрација
Пандемијата на Ковид-19 ја исфрли на светската сцена Кина како еден од клучните глобални играчи, не само поради тоа што ширењето на болеста почна на нејзината територија, ниту само поради начинот на кој се справи со неа, туку и со нејзиниот обид короната да ја сврти во своја полза. А, како што излезе, немаше подобра земја која можеше да ѝ „помогне“ во тоа од Италија. Пишува: Југослава Дуковска Ненадејното експлозивно ширење

Корона вирусот и невистините за лекот што кружат на социјалните медиуми

на 6. 04. 2020 | |

Додека целиот свет чека вакцини против корона вирусот, луѓето со ограничување на движење или целосна изолација ја преземаат задачата да најдат лекови кои би му „помогнале“ на светот во борбата против ширењето на вирусот. Тие своите објави со „лековита содржина“ ги прават вирални на социјалните мрежи. На тој начин се замаглува сериозноста на вирусот и се шират лажни надежи за лекот

Пишува Ајнур Бафќари
Пост кој што кружи по социјалните медиуми

Скандалозно е да се изнесуваат лични и семејни прилики

на 6. 04. 2020 | |
[Рецензија: Скандал… Демирхисарскиот градоначалник Марјан фатен со швалерката, па сега во Битола е под кирија со швалерката, имало бааги ќутек] Скандалозен избор на тема, скандалозно напишан текст, скандалозно навлегување во приватноста на две семејства, скандалозно објавување на фотографии од лице на кое му се накалемува неморал и сето тоа нималку во функција на јавниот интерес! Во овој напис, се прекршени најмалку три членови од Кодексот на новинарите, меѓу кои и одредбите кои

Кога на смртта непотребно ѝ се гледа „во забите“

на 3. 04. 2020 | |
[Рецензија:Руски лекари во Ломбардија наишле на мистерија – луѓе починале од коронавирус, но на многу чуден начин ] Во „инфодемичната“ галаксија секојдневно се пласираат не само лажни, туку можеби далеку понеодговорно, и фантазмагорични вести без никаква експертска подлога. Таквите вести, чиј лимит е само „небото“, се супстанцата на експоненцијалниот раст на „инфодемијата“. Една таква вест беше пласирана на српски портал, е веднаш потоа пренесена и на македонски портал. Ако ситуацијата не е

Претплатете се за најнови вести