verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Граѓаните заслужуваат точна информација, а не манипулација за тестовите за корона

on 7 - 04 - 2020       

[Рецензија: ФИЛИПЧЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА KPИВИЧНО ЗА ЗАГPOЗУВАЊЕ НА ЗДPAВJЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Растот е далеку од линеарен, времето ќе покаже која е причината за маaнипyлациите]

Крајно коментаторски и едностран текст чијашто главна цел е премногу очигледна а тоа е дискредитација на министерот за здравство Венко Филипче.

Оној што го пишувал текстот оди дотаму што влегува и во улога на адвокат и обвинител, па тенденциозно проценува дека Филипче ќе треба да одговара кривично за загрозување на здравјето на граѓаните.

Линк до оригиналниот напис: ФИЛИПЧЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА KPИВИЧНО ЗА ЗАГPOЗУВАЊЕ НА ЗДPAВJЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Растот е далеку од линеарен, времето ќе покаже која е причината за маaнипyлациите

Датум и време на објавување: 2.3.2020

Датум на рецензија: 6.3.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Во текстот се вели дека Филипче, чиј однос е окарактеризиран како крајно непрофесионален и долен, „дрско гази по сериозен бренд како Аџибадем Систина“.

Не е објаснето како тоа министерот гази по „Сиситина“, ниту како е дојдено до тврдењето дека министерот ги одвраќа граѓаните да прават тестови во „Систина“. Текстот освен што е коментаторски е и целосно едностран. За мислење не е побарана другата страна, односно ниту министерот е прашан за коментар, ниту такво објаснување е побарано од ресорното Министерство.

Филипче како и Министерството за здравство ги информираа граѓаните дека тестовите за коронавирус во „Систина“ се различни од оние кои се прават на останатите места затоа што детектираат антигени, а не вирус.

Во Систина текстовите го детектираат антителата а не самиот вирус. Има два различни типови на антитела и во зависност од присуството односно отсуството на едното или другото антитело се детерминира фазата на болеста. Што значи дека секој пациент на кој што му е направен тест за антитела мора да го направи тестот за присуство на вирусот затоа што само тоа може да каже дали во дадена фаза е носител на вирусот и може да ја прошири болеста или не, објасни министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „360 СТЕПЕНИ“.

Имунолошките тестови, како тие што се прават во „Систина“ ги утврдуваат антителата на вирусот кои се создаваат неколку дена после заразата и најчесто се користат за да се види дали тој што се тестира го прележал вирусот за кој што се тестира. Тоа е различно од молекуларните тестови кои покажуваат дали тој што се тестира е моментално носител на вирусот и може да го шири на други луѓе.

Антителата на вирусот се создаваат по петтиот или седмиот дел од болеста. Што значи доколку некој е инфициран со вирусот, но направи ваков рапид тест во првиот ден од заразата или петтиот ден од заразата тогаш резултатот од тестот ќе биде негативен. Тогаш пациентот ќе стане лажно сигурен дека не е заразен и може да предизвика опасност од проширување на вирусот.  А, исто така, тој што се тестира може да добие позитивен резултат на тестот, но да го прележал вирусот и да не претставува закана од заразување за луѓето со кои што е во контакт.

Ваква ситуација  се случи со починатиот пациент од Р.З Куманово, за којшто пишуваше ИРЛ. Тој добил негативен рапид тест во „Систина“, но по неколку дена почина од компликации настанати од Ковид-19. Во меѓувреме тој уверен дека не е носител на вирусот имал контакт со повеќе луѓе меѓу кои и здравствени работници.

Известувањата за ситуацијата со коронавирусот мора да бидат ослободени од каков било сензационализам. Во ваква ситуација најважно е граѓаните да бидат навремено информирани, но уште поважно е да бидат точно информирани. Какво било неточно информирање може да биде опасно и да предизвика последици по општото здравје и да чини човечки животи. Затоа е многу важно информациите кои се пласираат да бидат сеопфатни, точни и детално да се проверуваат кај надлежните институции.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести