verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Анонимно видео ја дезинформира јавноста дека здравствениот систем е во распад

on 8 - 04 - 2020       

[Рецензија: Јутјуб видео: Здравствениот систем во распад]

Во анонимно видео прикачено на Јутјуб, кое се шири на социјалните мрежи, изнесени се повеќе невистини и манипулации поврзани со коронавирусот. Целото видео е направено во насока на дискредитација на министерот за здравство, Венко Филипче и целата власт, а тоа се прави неосновано и тенденциозно.

На видеото не му се знае авторот, а за податоците изнесени во него не е понуден никаков извор на информација, па така тие лебдат во воздух и без докази делуваат неверодостојно и ја дезинформираат јавноста.

Линк до оригиналниот напис: Јутјуб видео: Здравствениот систем во распад

Датум и време на објавување: 3.3.2020

Датум на рецензија: 8.3.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Во видеото во првата реченица ударно се тврди дека здравствениот систем под раководство на Филипче е во распад. Но, како доказ за тоа не е понудено ништо конкретно. Нејасно е како дојдено до заклучок дека здравствениот систем е во распад, ниту пак, што значи тоа.

Едно од неточните тврдења во видеото (објавено на 3 април) е дека Македонија има убедливо најмал број на тестирани во споредба со другите земји. Вистината е дека во регионот Македонија е втора земја по бројот на спроведени тестови за Ковид-19 на милион жители, покажуваат податоците на worldmeters.info заклучно со податоци за 4 април. Пред Македонија е само Хрватска, а помалку тестови направиле и Грција и Турција како и Бугарија која направила само 81 тест на милион жители.

Министерство за здравство@ZdravstvoMK

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители. Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја.

View image on Twitter

708:57 PM – Apr 4, 2020Twitter Ads info and privacy26 people are talking about this

Видеото тврди дека задоцнети биле мерките за лицата што влегуваат во Македонија. Нејасно е тука на што се мисли, ниту на кои мерки ниту зошто е донесен заклучок дека мерките биле задоцнети.

Уште едно неточно тврдење е дека во Македонија има најголем број на заболени по глава на жител во целиот регион. Заклучно со вчерашниот ден (7 април), бројот на заболени по глава на жител во Македонија е некаде на средина во однос на целиот регион. На 7 април тој број во Македонија изнесувал 288 заболени. Во Словенија тој број е 509, во Турција 404, во Црна Гора 384, Хрватска – 312, Србија речиси колку нас – 280, а помалку заболени има во Босна и Херцеговина – 233,  Грција – 176, Албанија – 133 и Бугарија – 83.

Нафрлен без докази е и податокот дека во државата има најголем процент на починати во регионот. Иако бројот на починати на милион жители во Македонија е доста висок, сепак не е највисок во регионот. Најмногу починати на милион жители има Словенија каде што се регистрирани 17 починати на еден милион, а во Македонија тој број е 12.

Се тврди дека директори на болници се главни во ширењето на Ковид-19. И ова е неточно затоа што станува збор само за една директорка, таа на Кожната клиника Нина Цаца Билјановска, чија што несовесност ја чинеше не само разрешување туку и кривична пријава. За несовесноста на одредени лица, меѓу кои и директорката на Кожна клиника не може директно да биде одговорен министерот за здравство. Затоа постојат надлежни институции кои треба да го процесуираат случајот и секој што се огрешил пред законот соодветно да одговара.

Во видеото се потенцира дека „криминалниот бизнис со тестови за Ковид-19 цвета“. И ова е само нафрлено без да му се понуди на оној што го гледа видеото какви било докази дека се случува некаков каков криминал со тестовите за вирусот. Ова е премногу сериозно обвинување за да помине без објаснување и соодветни докази и без извор на информацијата.

На крај видеото завршува со прашањето: „Што повеќе треба да се случи за да се освестат Заев и Филипче?“. Целосно е нејасно зошто е спомнат Зоран Заев во овој контекст. Тој во моментот нема никаква државна функција, премиер (технички) подолго време е Оливер Спасовски, а Заев е само лидер на СДСМ.

Видеото заедно со манипулациите и лажните вести нафрлени во него оддаваат впечаток дека е наменски креирано за личен напад, како на министерот за здравство Венко Филипче, така и на власта, а со цел поттикнување недоверба во системот.

Корисниците на социјални мрежи треба да бидат особено внимателни кога гледаат вакви видеа, во кои сензационалистички се пласираат купишта непоткрепени тврдења без извори на информации и непоткрепени со никаков доказ.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести