verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Корона вирусот и невистините за лекот што кружат на социјалните медиуми

on 6 - 04 - 2020       

Додека целиот свет чека вакцини против корона вирусот, луѓето со ограничување на движење или целосна изолација ја преземаат задачата да најдат лекови кои би му „помогнале“ на светот во борбата против ширењето на вирусот. Тие своите објави со „лековита содржина“ ги прават вирални на социјалните мрежи. На тој начин се замаглува сериозноста на вирусот и се шират лажни надежи за лекот

Пишува Ајнур Бафќари

Пост кој што кружи по социјалните медиуми

 „Со сад со вода и свеж лук. Стариот кинески лекар ја потврди ефикасноста, многу пациенти исто така докажаа дека е ефикасен “, стои во постот.

Каде е кинескиот лекар и каде се пациентите?!

Авторот на текстот го напишал рецептот, па дури за да го направи овој пост поверодостоен, тој вметнал поднаслов „НАУКА“, притоа заборавајќи дека претходно зборувал за народен лек. Авторот на текстот е толку оптимист што тој „нуди заздравување“ преку ноќ! Авторот заклучува дека на неговата идеја за „спасување на човештвото“ треба да се придружат сите, повикувајќи овој пост да биде споделен со сите контакти.

ТЕКСТ ОД ФОТОГРАФИЈА: Земете 8 чешниња здробен лук, додадете 7 чаши вода и зовријте ги во сад. Јадете и пиете ја зовриената вода од лук. Состојбата се подобрува и лекува од вирусот преку ноќ…
Ве молиме споделете со сите ваши контакти за да спасите што повеќе животи.

Публикациите на поединци не се релевантни!

Овој пост циркулира последните неколку дена, и ако внимателно го прочитате, иако се однесува на „лек“ на еден стар кинески лекар, неговото име не се ни споменува. Нема цитат, нема извор на информација и иако се тврди дека пациентите кои го употребувале рекле дека бил „лековит“, нема докази дека тоа е точно. Секогаш кога ќе видите сличен пост, имајте на ум дека ова не е ниту „вест“, тоа е само пост, ниту пак е кажано од кој било релевантен официјален извор.

Сигурни информации може да се добијат само од Министерството за здравство, Владата и Светската здравствена организација

Истата содржина се шири на англиски јазик на социјалната мрежа „WhatsApp“, а за ова известуваа и медиумите во Албанија.

Пораката која кружи на “WhatsApp”

Во текстот под наслов Лукот го лечи коронавирусот?! Пораката што кружи на „WhatsApp“, албанскиот медиум за кој станува збор, вели дека дури и надлежните разјаснија дека сè уште нема лек за коронавирусот и советува дека доколку ви дојде порака на вашиот телефон, треба да се избрише веднаш и да не се споделува со други контакти.

Консултирајте се со вашиот лекар!

На глобално ниво, има многу информации што кружат дека има и други антивирусни лекови кои им помагаат на лекарите во тешката битка против ширењето на коронавирусот. Повремено, се појавува по некој лекар, од кој било дел на светот, да препорача употреба на одреден лек, кој според нив, дава позитивни резултати во борбата против овој вирус. Дури и преку објавување на Твитер се појави самиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ефективноста на препорачаните лекови (кои претходно биле користени за лекување на други болести), не е спорна, сепак е потребен пробен период кај луѓето пред да се потврди ефективноста кај пациентите. И запомнете, секогаш треба да се земаат по препорака на лекар!

Оставете секој да си ја заврши работата што му припаѓа!

Работата за пронаоѓање на вакцина или лекови нека ја вршат надлежните лица и институции, додека ние да ги земаме предвид само препораките на Светската здравствена организација, за спречување на ширењето на вирусот. Затоа, пред сè, останете дома, измијте ги рацете и избегнувајте физички контакт.

 Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести