verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредливите заклучоци го кршат професионалниот кодекс

on 22 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Али кој што жари и пали и апси Албанци! (ВИДЕO)]

 

Слободата на изразување е основа на демократијата. Слободата на едно лице се протега до кадешто почнува слободата на другиот. Медиумот не треба да ги злоупотреби изјавите во одреден контекст за да пласира навреди и судови за одредени лица.

drejtimiЛинк до оригиналниот наслов: Али кој што жари и пали и апси Албанци! (ВИДЕO)

Датум и време на објавување: 13.08.2015

Датум на рецензија: 17.08.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме почнува со наслов што обвинува, меѓутоа во текстот никаде не е аргументирано тоа што а наведено во насловот. Овој факт покажува дека авторот пласира неосновани обвиненија.

Новинарскиот продукт содржи видеозапис со изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кој авторот наместо да известува за изјавите на Ахмети, дури и да има и критичен став кон нив, тој го коментира неговиот настап со неосновани толкувања.

„Смеењето на Али Ахмети при неговата изјава не значи дека тој се шегува, напротив, го покажува неговиот садо-мазохистички карактер, кој што ужива кога неговиот народ страда. Колку сериозна е ова изјава покажува видеото кое што го објавуваме.“

Според новинарскиот кодекс, новинарите имаат право да обезбедат информација, да ја објавуваат и да ја критикуваат. Тоа значи дека ова коментирање е надвор од секоја етичка рамка на коментирање, што во одредени случаи може да се смета и како навредувачко. Уште повеќе што во коментарот се вршат психолошки процени за кои новинарот не е експерт, а и новинарските стандарди не му дозволуваат да прави такво нешто.

Изјавата на лидерот на ДУИ можела да се критикува на многу начини, анализирајќи ја со разни експерти, а притоа новинарот треба внимателно да ги избира зборовите што ги користи при известувањето.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести