verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста не смее да содржи коментари

on 22 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Што бараше Абдилаќим Адеми во Струга кај Азиз Положани!?]

 

Констатациите и личните ставови, според новинарските правила, се строго забранети во една вест. Коментарот е посебен жанр и, како таков, ако се интегрира во веста, ја прави непрофесионална.

Во веста што ја рецензираме, има многу коментари и лични ставови на авоторот или на уредништвото. Еве еден од нив: „Овој последниот, со години бил занемарена личност во ДУИ, поради доминацијата на мафијашки и бизнис кланови и групации“. Во овој случај, авторот е во улога на политички опонент, а не на новинар, кој треба само да информира.

Во следниот пасус новинарот изнесува како непобитен факт една информација што не е потврдена: „….постојат три групи внатре во партијата„, и не кажува дали се обидел да ги провери овие информации за да ги потврди или отфрли.

„Средбата на Адеми со Положани предизвикала многу сомнежи и дебати во струшката јавност, имајќи ги во предвид политичките околности во струшкиот огранок, каде што, како што веќе се знае, постојат три групи внатре во партијата во овој град, и тоа групата на Рамиз Мерко, на Азиз Положани и крилото на екс-министерот Арбен Лабуништи.“

Çka kërkoi në Strugë Abdilaqim Ademi tek Aziz Pollozhani  screenshotЛинк до оригиналниот наслов: Рецензија: Што бараше Абдилаќим Адеми во Струга кај Азиз Положани!?

Датум и време на објавување: 17.08.2015

Датум на рецензија: 18.08.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Авторот се повикува на „извори внатре во ДУИ“. Ова во новинарството е познато како анонимен и непотврден извор. Во текстот се спомнуваат многу имиња и од ниеден од нив не е побаран став.

„Извори внатре во ДУИ говорат отворено за повторното враќање на екс-министерот Азиз Положани во раководните структури во Струга, дури се зборува и дека Положани размислува да биде кандидат на ДУИ на наредните локални избори, која што, се вели дека е цел и на актуелниот пратеник, Рамиз Мерко.“

Авторот го завршува текстот, отворајќи едно друго поглавје, она на внатрепартските проблеми на ДУИ во Куманово и во Тетово. Сепак, не објаснува што се случило и како завршиле поделбите во ДУИ во овие два града.

„Политичка „битка“ на ДУИ  во Струга, со секоја ден станува се „пожешка“, а слична ситуација владее и во другите градови во земјата, како Куманово и Тетово.“

Тенденциозниот наслов, кој има цел да привлече читатели, не дава одговор на прашањето „Што бараше Абдилаќим Адеми во Струга кај Азиз Положани!?“. Ова го прави текстот нечитлив и ги разочарува читателите.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести