verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички примитивизам и сеирџиство

on 21 - 08 - 2015       

08202015-Kurir-Sekerinska-crop-resize

[Рецензија: Граѓаните со жестока осуда за луксузирањето на Шекеринска]

 

Голем дел од коментарите на читателите на интернет-медиумите се исполнети со примитивизам, безобразен воајеризам, омраза, сеирџиство…

Веќе се познати оцените за медумската култура кај нас. Дел од концептот за медиумска култура се и начинот и нивото на дебата во медиумскиот простор наменет за тоа, како и уредувачката политика на медиумите по ова прашање.

Но, наместо еден позитивно-критички однос по ова прашање, порталот чијашто медиумска содржина ја рецензираме тука, тргнал во сосема спротивна насока од онаа на која се предупредува веќе години и години.

И овој портал, како и поголем дел од другите, ги употребуваат коментарите на социјалните мрежи за дополнителна пресметка со политичките неистомисленици за да ја продолжат хајката против потпретседателката на најголемата опозициска партија. Овојпат, како што е веќе наголемо познато, тема е нејзиниот годишен одмор.

Иако целата приказна досега за деталите од одморот на Шекеринска е „набилдана“ на претпоставки, непотврдени информации и шпекулации, таа не престана, туку, напротив, послужи да се надоврзе втората фаза на хајката – коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што целата приказна е непотврдена, тоа значи дека и коментарите се изградени и предизвикани со неосновани информации. Но, кому му е гајле за неоснованоста. Важно е да се создава непријателска атмосфера.

Трето прашање е автентичноста на коментарите и на видеоанкетата која е дел од оваа медиумска содржина.

08202015-Kurir-SekerinskaЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните со жестока осуда за луксузирањето на Шекеринска

Датум и време на објавување: 19.08.2015, 14:52

Датум на рецензирање: 20.08.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Доколку сакаме да бидеме сериозни и оваа медиумска содржина треба да ја ставиме во рамката на принципите на новинарската професионалност, тогаш сме должни да кажеме дека оваа медиумска содржина прекршила пет, од вкупно 16 членови на Кодексот на новинарите.

Како прво, член 7, кој бара од новинарите да ја почитуваат приватноста на граѓаните. Да, ќе рече некој, политичарите, заради својата професија, отстапуваат дел од приватноста, но тоа многу повеќе се однесува на политичарите кои се на власт, отколку на тие од опозицијата.

Потоа, членот 10, кој вели:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Наспроти сугестијата на овој член, медиумската содржина што ја рецензираме ги поттикнува говорот на омраза и дискриминацијата.

Секако не е чудно, со оглед на афилијацијата на овој портал, дека овој текст, ваков каков што е – е политички пристрасен.

А, членот 14 од Кодексот нагласува:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Освен сето претходно, овој текст не ја негува културата на говорот и етиката, а тоа го бара членот 15 од кодексот.

И на крајот, според членот 16 од Кодексот, новинарот треба да го чува угледот и достоинството на професијата. Всушност, еве што точно вели членот:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Текстови врз основа на коментари – да, но, техничките платформи и уредувачките политики за дискусии и за коментари на интернет треба да бидат инклузивни и безбедни за да обезбедат амбиент за жива, забавна, продуктивна и, пред сѐ, фер и интелигентна дискусија и коментари.

За да се постигне тоа, потребни се стандарди. Тие стандарди ги определува медиумот и одговорноста за спроведување на тие стандарди му припаѓа на медиумот. Точка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести