verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дополнителната информација е неопходна за веста

on 20 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Во Петровец уште една индустриска зона, каде остана таа во Тетово?]

Еден професионален новинарски напис, освен актуелните податоци што ги содржи во себе, треба да има и дополнителна информација, која во новинарскиот жаргон е позната како „бекграунд“. Текстот што го рецензираме, освен што има празна содржина, на крајот не го информира читателот за прашањето поставено во насловот. Како таков, се состои само од изјавите на актуелниот премиер, Никола Груевски.

„Општината инвестира за изградба на водоводната мрежа, а улиците веќе се тампонирани, ЕВН пушта електрична енергија во фази, така да работите во ова зона се одвиваат добро.“

Në Petrovec edhe një zonë industriale  ku mbeti ajo e Tetovës fullscreenЛинк до оригиналниот наслов: Во Петровец уште една индустриска зона, каде остана таа во Тетово?

Датум и време на објавување: 15.08.2015

Датум не рецензија: 17.08.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Изборот на изјавите на говорниците е еден од најважните елементи на известувањето. Новинарот избрал една погодна изјава на Груевски, но недостигот од дополнителната информација, прави текстот да создаде конфузија кај читателите.

„Во завршна фаза е новата фабрика на фирмата Македонија-Австрија „Квенбергер“. Паралелно со тоа, италијанската инвестиција, односно новата болница „ЕуроИталија“ се очекува делумно да почне со работа до Нова година. Ова ќе овозможи нови вработувања, а болницата се очекува да донесе модерна опрема и дополнителен квалитет во болничкото лекување во Македонија и во наредните години да отвори околу 250 нови работни места.“

„Премиерот  информираше дека досега во Општина Петровец се реализирани многу проекти“. Ова е единствениот ред што, според новинарот, бил доволен како дополнителна информација. Би било потребно да се наведе вкупниот број на индустриски зони во Македонија, поделбата на проектите во нив и концентрирањето на инвеститорите по зони. Всушност, во текстот можело да се вклопи и прашањето на индустриската зона во Тетово, преку споредби и анализи, со што би се добила една поширока слика за ова прашање. Но, новинарот го затворил ова прашање во самиот наслов, не нудејќи дополнителни информации за читателот. Во текстот недостига и другата страна или странските инвеститори и нивните ставови за инвестициите и за безбедноста на нивните инвестиции во Македонија.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

недоволно

не може да се утврди точноста на наводите

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести