verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За расплаканите икони и линкот со новинарството во 21 век!

on 8 - 08 - 2016       

netpres

[Рецензија: Чудо на големиот празник Свети Илија: Заплакаа иконите во манастир]

 

Како се случило вестите за „расплакани“ икони во некој манастир на верски празник, кои порано евентуално би биле поместени во рубриките насловени „Занимливости“ или слично, да го најдат местото во сериозните рубрики? Одговорот веројатно бара продлабочена анализа, но токму ваква вест си го најде местото во рубриката наменета за вести од Балканот, рамо до рамо со информациите за политичката состојба во Турција, со интервјуто на грчкиот министер за внатрешни работи или со веста за голем пожар во едно популарно грчко летувалиште.

Сепак, несоодветниот пласман на ваква информација е помалиот проблем – самата вест има проблем со исполнувањето на основните критериуми за една новинарска вест – не е наведено каде е манастирот во кој се случило „чудото“, единствениот извор се крие зад конструкцијата „српските медиуми“, нема никаква фотографија ниту изјава на релевантна институција која би можела да ја потврди веродостојноста на тврдењата, но затоа се пренесува „стручно толкување“ од црквата дека „ваквите појави само Бог ги разбира“.

Рецензија: За расплаканите икони и нивната врска со новинарстовот во 21.векЛинк до оригиналниот напис: Чудо на големиот празник Свети Илија: Заплакаа иконите во манастир

Датум и време на објавување: 3.08.2016, 9:36

Датум на рецензирање: 4.08.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

„САМО БОГ ГИ РАЗБИРА“!

Новинарите по дефиниција треба да се „трагачи по вистината“, па затоа зачудува, но и загрижува тоа што во оваа вест така лесно се откажале од барањето на вистината.

„Од манастирот велат тешко е да се објаснат ваквите појави бидејќи само Бог ги разбира“.

Како тоа истражувачкиот порив на новинарот да дознае што навистина се случило во тој безимен манастир каде иконите плачеле на голем верски празник се задоволил со објаснувањето „ваквите појави само Бог ги разбира“? И каде е тука објективноста во пристапот, кога на еден феномен (доколку навистина се случил) му се дава исклучиво верско толкување и така ѝ се презентира на публиката?

Попрво би рекле дека оваа вест претставува типичен пример на неселективно и некритичко пренесување на непроверени содржини и квазиинформации, не во функција на информирање, туку во функција на промоција на суеверие и на примитивни сфаќања. Доколку се немало таков пристап, написот ќе содржеше покомплетна информација за настанот, како и толкување од лица компетентни да утврдат што навистина се случило со сликите на светците или барем ограда дека се работи за непроверена вест сè додека феноменот не се истражи.

Иако мала, оваа вест врие од непрофесионализам и од антиновинарство и како таква треба да биде издвоена не само затоа што им се пакува и им се продава на консументите како новинарска, туку бидејќи на мала врата протурнува поинакви стандарди во новинарството. А, според стандардите, пак, во 21 век, во ерата на информациите и на информатичките технологии, на „жими мајка“ треба да им се верува дека има икони кои плачат во „некојси“ манастир некаде, додека низ него се шири „специфичен мирис“, а сето тоа „само Бог го разбира“!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести