verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството треба да алармира за виталните прашања со факти и со целосни информации!

on 5 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Telegrafi za vodata za pienje vo Tetovo

Напис: Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води

Тетово има проблеми со водата за пиење и во повеќето случаи има рестрикции. Сега, Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, потврди, дека во водата во Тетово може да се најдат отпадни води и оваа вода е забранета за пиење, пренесува „Телеграфи Македонија“.

„Водата од резервоарите во Тетово е загадена со отпадни води и треба постојано да се дезинфицира за да не дојде до загадување со микроорганизми. Сугерираме дезинфекција и хлорирање на водата“, рече доктор Ратко Давидовски, специјалист за здравствена хигиена и екологија во Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово.

Од Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, не информираат кога ќе се дезинфицираат и ќе се исчистат резерварите за вода од кои што граѓаните на Тетово и на околината ја гасат жедта.

[Рецензија: Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води]

Прашањата од општ интерес поврзани со елементарните потреби на човекот се теми за кои треба да се пишува точно и кои треба да бидат целосно покриени. Така е поради тоа што што граѓанинот има потреба да ја знае целосната вистина, особено за суштински теми, како што е прашањето за водата за пиење и здравјето на жителите.


download (2)Линк до оригиналниот напис:
 „Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води

Датум и време на објавување: 31.07.2016

Датум на рецензирање: 01.08.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

 

Новинарскиот производ што го рецензираме со право го отвора прашањето за контаминираната вода за пиење, но со неколку неточности и грешки. Првин, почнувајќи со алармот дека станува збор за целиот град Тетово. Авторот текстот го заснова врз изјавата на доктор Ратко Давидовски. Меѓутоа, тој зборува за проблемот со водата во Попова Шапка. Вака стои во оригиналниот текст од новинската агенција „Мета“, од каде е преземена и преведена изјавата. Факт што го демантира насловот на текстот што го рецензираме.

„Тетово има проблеми со водата за пиење и во повеќето случаи има рестрикции. Сега, Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, потврди дека во водата во Тетово може да се најдат отпадни води и оваа вода е забранета за пиење, пренесува ’Телеграфи Македонија’.“

Ден потоа истиот доктор-специјалист за здравствена хигиена и екологија од Центарот за јавно здравје, за „Порталб“ изјавува дека водата во Тетово за пиење е сигурна за користење. Уште еден факт што го побива изнесеното во рецензираниот текст и создава основан сомнеж дека алармот што го иницира текстот не е сосема оправдан.

Новинарите мора да бидат чувари на јавниот интерес и да го штитат преку написите и реакциите. Меѓутоа, алармирањата кои не се засновани на факти и на аргументи и кои, исто така, не се потврдени, предизвикуваат читателите да ја загубат довербата во медиумите. Комплетната и точна вест би била добар увид за јавноста за евентуалното невнимание на институциите за виталните општествени прашања.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести