verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За Албанците без Албанци

on 21 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA TV-098760-09876-0980-crop-resize

 

[Aналитичари: Сценариото за федерализација за партиски цели нема да успее]

 

Една од темите што имаат „групен третман“ во домашните медиуми е и прашањето на т.н. федерализација на земјава. Повод е конференцијата закажана за 1 декември, на која ќе се проследи презентацијата на извештајот за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, направен од Институтот за мир на фамозниот аналитичар Питер Фејт. И политичката редакција на телевизијата „Алфа“ се вклучила во обработка на таа тема и тоа со амбиција за тоа пред камерите да говорат аналитичари. Дали таа задача што си ја задала оваа ТВ-куќа е остварена и дали по тоа на гледачот работите му биле појасни?

ALFA TV-098760-09876-0980Линк до оригиналниот напис: Aналитичари: Сценариото за федерализација за партиски цели нема да успее

Датум и време на објавување: 19.11.2015, 17:39

Датум на рецензирање: 20.11.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Се зголемува револтот за сценариото за федерализација на Македонија. Експертската јавност предупредува дека за партиски цели се туркаат опасни идеи кои никому не носат добро. Македонија насилно се обидува да се наметнат идеи за ново државно уредување. Во време кога владата функционира со неколку технички министри и со јасно одреден термин за избори некои структури кои не и мислат добро на Македонија за лични или партиски интереси на мала врата заговараат дебата за федерализација, велат познавачите.“

Најпрвин треба да се рече дека место аналитичари, сме добиле еден колумнист – Сотир Костов, кој, како што се вели „од нога“, кажува дека идејата за разгледување на Охридскиот договор е опасна поради тоа што во владата во мигот имаме технички министри(!), како и дека особено опасна е идејата за премиер Албанец. Не е образложено кој тоа се додворува на албанските партии, ниту што е тоа федерализација. Значи, ниту имаме одговор на прашањето од насловот, ниту имаме множина од аналитичари?!

Просто е неверојатно зошто се менуваат жанровите – ако имате еден соговорник, тоа го крстите интервју (кусо или долго, сеедно), а особено е тука проблематично што им се ставаат одредени и наводни тези за федерализацијата на некои јавни личности, кои се само споменати, по име и по презиме. Не е цитирана ниту една реченица во прилог на тврдењето од споменатите „албанофили“, иако текстови и коментари од нивна страна имало доволно. Секако, најдобро е тие самите да бидат поканети да кажат нешто на темата. Можеби и други аналитичари со реноме би фрлиле дополнителна светлина на темата, особено зашто се работи за интеретничка тема, каде отсуството на албанскиот фактор премногу боде очи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Најавени се аналитичари, снимен е само еден

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

се работи за ТВ прилог

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

Некои лица се споменуваат како анацаионални што може да ги претвори во предмети на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести