verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационален наслов за повеќе кликнувања

on 21 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Леглото на џихадистите е на неколку часа Република Online-crop-resize

 

[Рецензија: Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје: Полицијата не смее да влегува таму (видео)]

 

Овој текст, за рецензија го предложи наш читател, а проблемот кај него е во насловот.

Леглото на џихадистите е на неколку часа Република OnlineЛинкуван наслов на анализираниот напис: Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје: Полицијата не смее да влегува таму (видео)

Датум и време на објавување: 16.11.2015

Датум на рецензирање: 21.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје: Полицијата не смее да влегува таму“. Сигурно кога ќе прочитате ваков наслов, веднаш ќе го отворите текстот да видите за кое место, блиску до Скопје, станува збор.

Но, кога ќе почнете да читате, ќе сфатите дека новинарот ве носи во Босна и Херцеговина. Надвор од Македонија и стотици километри од Скопје.

„Не кажуваат со кое превозно средство? За „неколку часа“ се стигнува и до Лондон или Москва“, напишал нашиот читател.“

Неговата забелешка е на место. Насловот нема никаква врска со написот, но е намерно така формулиран за да привлече читатели и, секако, што повеќе кликнувања.

Насловот на еден текст треба да биде јасно и прецизно формулиран и да соодветствува со написот, а не да биде тенденциозен и, како во случајов, да крева паника кај читателите.

Она што му недостига на текстот, пак, е да се наведе изворот од каде е преземен, за да не се доведува во прашање неговата автентичност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести