verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно! Само не знаеме каде

on 18 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Внимавајте-Смртоносни-пеперутки-мутанти-напаѓаат-секојдневно-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: Внимавајте: Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно!]

 

Веста што е предмет на оваа рецензија е непрофесионална од неколку новинарски аспекти. Насловот е нејасен и може да го наведе читателот на погрешно толкување, во текстот нема никакви факти, докази и извори, а спорна е и фотографијата.

Внимавајте  Смртоносни пеперутки мутанти напаѓаат секојдневно   Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: Внимавајте: Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно

Датум и време на објавување: 10.07.2015

Датум на рецензирање: 17.07.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Веста почнува со бомбастична најава во насловот: „Внимавајте: Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно“. Каде напаѓаат овие пеперутки е прашањето што логично се поставува. Исто така, логично е читателот да помисли дека ова се случува во Македонија, уште повеќе што само два дена пред објавувањето на оваа вест, на 8 јули, македонските медиуми објавуваа вести дека бели непознати пеперутки се појавиле во Охрид и дека од контакт со нив луѓе добивале силни алергиски реакции.

Но, кога ќе ја отворите веста, ќе видите дека предупредувањето е наменето за луѓето во Србија, а не за Македонија.

„Отровни инсекти секојдневно напаѓаат во Србија, а помеѓу каснатите има и деца.“

И ваквата најава не е веродостојна. Авторот на написот нема напишано каде во Србија се појавиле овие пеперутки, колку жртви има од каснувањето на пеперутките, нема изјави од доктори, од пациенти, немa извори на веста, нема ништо.

„Пеперутките на крилата имаат отровни иглички, а најчесто ги напаѓаат луѓето во вечерните часови. До сега во болница завршија над 100 деца.“

Од каде е преземена веста, нема наведено, ниту, пак, има ставено линк. Не е познато ниту дали српските медиуми воопшто пишувале на оваа тема. Ништо од тоа не може да се дознае во текстот, поради што се доведува во прашање неговата веродостојност.

Исто така, она што е интересно е фотографијата која е употребена во написот. На неа е прикажан венецуелски молец-пудлица, екстремно редок вид молец кој беше неодамна откриен. Сликата е земена бесправно од фликер-фидот на д-р Артур Анкер, без да се наведе извор.

Новинарот мора да знае дека негова задача е да го информира читателот, а не да „го вади од памет“, како што е случајот со овој текст, а при тоа да не користи никакви факти и докази. Вака пренесен текстот не е ништо друго, туку приказна за мали деца.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести