verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Грешка во преводот како основа на новинарска оцена

on 18 - 07 - 2015       

Заев го продаде СДСМ за да се спаси себе од судење-crop-resize

[Вечер: Заев го продаде СДСМ за да се спаси од судење]

 

Уште „неоладен“ т.н. договор од Пржино за надминување на кризата во земјава, што го потпишаа лидерите на четирите големи партии, веќе се јавија обиди за селективно читање на истиот или за негово реконструирање, за преговорите да се прикажат како „пораз на другиот“. Клучна точка кај провладините медиуми и пред да дојде европратеникот Хан беше дека на лидерот на опозицијата му е важна „сопствената кожа“, односно двете обвиненија во јавното овинителство против него, а дека сето друго за него, околу излезот од политичката криза е второстепено. При тоа, имаме комплетно „тумбање“ на споменатиот акт за да се пријде кон артистичко толкување на текот на преговорите со извртени резултати.

Заев го продаде СДСМ за да се спаси себе од судењеЛинк до оригиналниот напис: Заев го продаде СДСМ за да се спаси од судење

Датум на објавување: 15.07.2015, 19:27

Датум на рецензирање: 16.07.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„После сè што направи Заев нема техничка влада, владата ја води ВМРО – ДПМНЕ до избори, СДСМ нема министри во финансии, МВР и правда што СДСМ изрично бараше. Во договорот нема обврска за смена на досегашниот јавен обвинител. Има само запирање на судската постапка против Заев, што е негов личен ќар, а СДСМ не доби ништо особено.“

Текстот има најнапред структурен проблем, кој секако е намерен – пред да ја даде основната информација од средбата во Пржино и да го претстави актот онака како што е потпишан, дневното гласило коментира и проценува. Методолошки, тоа е пристап што сака однапред да ви сугерира нешто за да поверувате во резултатот, без да ви го претстави, иако преводите на текстовите од договорот беа дадени бргу. Би помислиле дека се работи за редакциски коментар, според основниот тон, ама и тоа не ќе да е целосно објаснување, бидејќи подолу, во вториот дел е даден говорот на Хан во однос на потпишаниот текст и тоа речиси целосно, односно се преминува формата на дневно известување! Значи, имаме еден веќе воведен процес – готвачот ви го објаснува вкусот на јадењето кое ќе го видите, ама не можете самите да го пробате. Треба да верувате на сетилото за очи, а не за вкус.

Текстот, инаку, содржи целосно извртени толкувања. СДСМ, на пример, има министер за внатрешни и треба само да го консултира ДПМНЕ за него, ама не и да го прифати тоа мислење, ако не е во согласност со понуденото, има потписници со право на вето во неколку клучни ресори (па и министерството за финансии), преодната влада, која веќе е во мешан состав, ја води кадар на ДПМНЕ ама не од редот на оние кои се сегашни функционери и т.н., сè за да не се признае фактот дека таа влада нема да ја води Груевски.

Посебен проблем е прашањето за постоењето на специјален јавен обвинител кој ќе го преземе предметот „Пуч“ на Заев, ама и сите предмети поврзани со прислушувањето! Заев тука не е исклучок, туку е дел од целата материја каде има материјал за стотина и стотина случаи… Во принцип, ниту Заев се спасил од судење, тоа ќе процени новиот специјален обвинител, ниту, пак, Груевски и неговата камарила кои се актери во објавените разговори во матни и коруптивни дејства!

Според Радмила Шекеринска (единствена од оние која беше дел од преговорите со Хан и која јавно кажува нешто што се случило зад затворените врати и не може да биде дел од примерите на стории базирани на она „од наши анонимни извори“, на кои, инаку, повикува написот преку стории, дури и целосни драмолетки), факт е дека екипата на Груевски за цело време сметала дека тој обвинител ќе се работи само на случајот „Пуч“ и веднаш се согласиле на тоа решение, не барајќи да го гледаат повторно, не гледајќи дека зад тоа се кријат сите потенцијални виновници за големиот број насочени кривични дела со прислушувањето. Очевидно е дека власта сметала дека тоа ќе биде „отстапка“ со која ќе се прави ефикасна пропаганда меѓу граѓанството, но се претвори во изблик на ненадајна нервоза меѓу оние потенцијални „клиенти“ на судовите, кои ќе ги даде истрагата, а кои седат во власта. Еден превид или слободно да толкуваме – грешка во преводот кај владејачките партии доведе до лесно прифаќање на услов кој е тежок камен врз плеќите токму на власта!

Текстот е непотпишан, што е, секако, вообичаено за работи на оние автори кои утре не ќе сакаат да бидат посочувани или каде потписот не е можен ако содржината е сугерирана однадвор или е дело на цел тим. Но, затоа тој текст преку порталите беше пренесен и масовно преземан од други медиуми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Поголем дел од наводите не се точни

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести