verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Личните напади претставуваат грубо прекршување на професионалните принципи

on 18 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Djali-i-Abdylakim-Kim-Mehmetit-në-përqafimin-e-Stevo-Pendarovskit-Sscreenshot

[Рецензија: Синот на Абдулаким (Ким) Мехмети во „прегратката“ на Стево Пендаровски!]

 

Можноста за објавување информации, особено преку интернет-медиумите, не подразбира и можност за деградација и за омаловажување на луѓето, било тоа да се јавни или приватни личности. Одговорноста на медиумите е голема за начинот на кој се информира јавноста, имајќи ги предвид секогаш стандардите на професионалното новинарство. Секој личен гнев кон одредена личност, изразeн без аргументи, претставува прекршување на сите принципи.

Djali i Abdylakim  Kim  Mehmetit në “përqafimin” e Stevo Pendarovskit  SscreenshotЛинк до оригиналниот наслов: Рецензија: Синот на Абдулаким (Ким) Мехмети во „прегратката„ на Стево Пендаровски!

Датум и време на објавување: 12.07.2015

Датум на рецензија: 15.07.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Текстот што го рецензираме не се потпира на ниту еден извор. Веста се потпира целосно врз интерпретацијата на една фотографија, при што се дадени само коментари. „Немаат крај делата на синот на Абдулаким (Ким) Мехмети. Со неговите појави во јавноста (Семи Мехмети), се обидува да биде интересен, но не успева во тоа!“.  Tекстот има описни елементи кои бесправно го оштетуваат имиџот на субјектот.

Понатаму во текстот се вели: „….кај раководителот на порталот „Алмакос“, Семи Мехмети, се забележува еден невиден ентузијазам, додека се наоѓа во „прегратката“ на функционерот на СДСМ“. Во овој ред текстот содржи само нагаѓања на авторот на фотографијата, повторно без сериозен извор. Текстот содржи и навредливи зборови за лицата што се спомнуваат, што е во целосна спротивност со правилата на новинарството.

„На прсти можат да се избројат Албанците што сакат до споделат фотографија или да пијат кафе со овие социјалдемократски функционери, (нашата редакција има објавено и други ситуации, каде што подли „псевдоаналитичари“ позирале со социјалдемократските функционери), како надуени луѓе.“

Текстот целосно има цел да извалка една личност и неговото семејство. Овој текст не е вест, туку коментар и ги прекршува сите принципи на професионалното новинарство. Од друга страна, авторот е едностран. За сите инсинуации другата страна воопшто не е претставена во текстот. Основен професионален принцип на новинарството е дека секогаш во текстот треба да бидат опфатени сите страни.

Личните неосновани напади се против секоја професионална новинарска етика.

 

Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести