verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест падната во провалија

on 2 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Водно: Маж и жена паднале во провалија (Фото)]

 

Една точна вест, за каков било настан, не го остава читателот во недоумица со нејаснотии. Веста што ја рецензираме не дава одговор на основните новинарски прашања и, како последица, јавноста не успева целосно да сфати што се случило.

aktuale vodnoЛинк до оригиналниот наслов: Маж и жена паднале во провалија (Фото)

Датум и време на објавување: 26.08.2015

Датум на рецензија: 27.08.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Следниот пасус е „целосната“ вест што е објавена.

„Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје синоќа имале успешна интервенција за спасување на маж и жена кои што паднале во провалија на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат.“

Овие малку редови не сочинуваат вест, бидејќи ги немаат информациите што јавноста би сакала да ги дознае.

Прво што не се дознава е кога се случила несреќата?

Нема ниедна информација за тоа кога паднале мажот и жената во провалијата.

Нема информација како се случила несреќата? Или колку останале во провалијата пред да стигне помошта.

Нема информации зошто се случила несреќата? Дали била несреќа, невнимателност или други околности.

Од овие малку редови се дознава што се случило. „Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“, ги спасиле лицата. Сепак, и овој одговор е оскуден, бидејќи не се даваат информации за тоа колку траел овој процес.

Текстот не нуди точен одговор ниту за тоа кога стигнала помошта. Се вели „синоќа“, но ноќта трае со часови и, што е најважно, ноќта на кој ден? Не е наведен точниот ден кога се случил настанот и ако читателот го чита текстот и не внимава на датумот на објавување на веста, нема да разбере кога се случил настанот.

Нема детали ни за тоа кои се лицата што паднале во провалија.

Текстот е придружен со една слика, за која не е кажано дали е од несреќата за која се известува.

И за да биде целосен, текстот можеше да има и дополнителна информација за планината Водно.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

ниедна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

можеби има

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

делумно

средно јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести