Две страни прават една целина
Објавено во Рецензии
on 2 - 09 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: „Вистинската ДУИ„ го зема под заштита Рафиз Алити од нападите на ДУИ!]
Кога се отвoраат дебати за одредени прашања, при пренесувањето ставови, новинарот треба да ги претстави сите страни за новинарскиот продукт што го пласира да биде што појасен за читателите.
Линк до оригиналниот наслов: „Вистинската ДУИ„ го зема под заштита Рафиз Алити од нападите на ДУИ!
Датум и време на објавување: 31.08.2015
Датум на рецензија: 01.09.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Веста што ја рецензираме се однесува на ставот на претседателот на разгранокот на ДУИ во Радуша, Мухамед Рамадани. Веста известува дека Рамадани реагирал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ за некои обвиненија насочени кон попретседателот на парламентот, Рафиз Алити, кој доаѓа од селото Радуша.
„Вистинската ДУИ го зела под заштита Рафиз Алити – Командант Мсуси од обвиненијата кои што му се прават од „Секогаш ДУИ (фантомска ДУИ)“, која што пишува по нарачка и нарачател, вака претендира за медиумите претседателот на огранокот на ДУИ во Радуша, Мухамед Рамадани, известува Алмакос.“
Веста го пренесува ставот на Рамадани, но не го нуди ставот на другата страна, која го обвинува Алити. Пренесувајќи го и ставот на страната што обвинува, читателот добива една појасна слика за реалноста или, поконкретно, за темата што се обработува.
Претставувањето на само една страна ја прави веста еднострана и создава простор за сомнеж дека информацијата нешто крие. Читателот бара проверени вести и балансирани вести.
Со оглед на тоа дека во обвиненијата е опфатено и името на Рафиз Алити, би било редно новинарот да побара изјава и од потпретседателот на Собранието за овие обвиненија против него.
Со вклучувањето на сите страни, веста би била целосна и балансирана за читателот.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови