verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Точноста е побитна од брзината

on 29 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Полициската верзија за убиството на Шќипоња]

 

Веста треба да има вовед, потоа содржина – делот каде што внесени информациите што ја поддржуваат воведната информација, и крајот, односно дополнителните информации. Во новинарството се претпочита воведот да биде краток и интересен за да го натера читателот да го прочита текстот. Новинарските норми велат дека колку подобро го знаете настанот, толку пократок ќе биде воведот.

aktuale1111Линк до оригиналниот наслов: Полициската верзија за убиството на Шќипоња

Датум и време на објавување: 23. 06.2015

Датум на рецензија: 25. 06. 2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Динамиката на известувањето и тенденцијата да се биде прв во објавувањето на веста не го оправдува сервирањето неструктурирана и нецелосна вест. На текстот што го рецензираме му недостига вовед. Новинарот го почнува текстот со изјава за инцидентот во Куманово.

„Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Куманово, Валентина Николовска, потврди дека вооружената пресметка се случила во 15:30 часот во населбата „Бедиње„, во близина на факултетот на ДУТ. При пресметката, на лице место е егзекутиран Џемаил Реџепи, роден во 1970, а повреден бил Шефки Реџепи, роден во 1977, а лицата кои што пукале во нив, избегале во непознат правец.“

Во текстот не е наведено што ѝ претходело на изјавата на портпаролката на полицијата. Вака, без да се направи краток вовед во инцидентот што се случил, написот е далеку од тоа да биде целосна вест. Информацијата е нецелосна и читателот кој не знае за настанот на кој се повикува текстот, нема да разебре за што се работи.

Веста нема целосна структура и затоа и не е јасна. Тенденцијата што побргу да се објави информацијата не е оправдување за објавување нецелосни вести. Веста е целосна ако има вовед, содржина и „бекграунд“, инаку известувањето без овие елементи ја остава јавноста неточно информирана.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести