verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да истражува и да анализира, не да гата

on 29 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ-ја-надградува-програмата-со-која-изгуби-со-над-150.000-гласа-разлика-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ ја надградува програмата со која изгуби со над 150.000 гласа разлика]

 

Ова е еден крајно манипулативен и тенденциозен текст, за кој многу лесно може да се каже и дека е политички пристрасен, односно навивачки. Главната поента на авторот е дека СДСМ, на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат во април идната година, ќе изгуби исто како и лани – со огромна разлика, без притоа да посочи од каде таквиот заклучок, врз основа на кои анализи и истражувања?

СДСМ ја надградува програмата со која изгуби со над 150.000 гласа разликаЛинкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ ја надградува програмата со која изгуби со над 150.000 гласа разлика

Датум и време на објавување: 27.07.2015

Датум на рецензирање: 28.07.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Манипулацијата е содржана уште во самиот наслов: „СДСМ ја надградува програмата со која изгуби со над 150.000 гласа разлика“, односно уште на почетокот се гледа дека текстот има тенденција да го најави изборниот пораз на опозицијата на претстојните избори.

„Со нови мерки предлагани од граѓани на трибини и при непосредни средби СДСМ ќе ја дополнува старата програма. Засега, нема конкретна идеја што ќе се менува или подобри и во кои сектори ќе се дејствува. Таков е барем впечатокот по одговорот што го добивме од партијата кога прашавме за детали. Во екот на интензивни подготовки на второто надградување на „Решенија за Македонија“, со која Зоран Заев ги изгуби последните избори со над 150.000 гласа разлика, од партијата без одговор на кои постулати ќе се темелат дополнувањата, но со оправдување дека за с` ќе бидеме навремено известени.“

Очигледно е дека ова е самоволно толкување на авторот, кое не е поткрепено со ништо конкретно. Новинарот побарал информација, за која не добил детали и според сопствено видување, заклучил дека СДСМ повторно ќе изгуби на изборите. Каква небулоза! Сопствен став и видување може да се пренесе во коментар или колумна, а не и во новинарски текст. Сигурно од СДСМ не биле подготвени да откријат детали, но тоа и не мора да значи дека на следните избори ќе излезат со старата програма и дека поради тоа ќе изгубат. Тука е повеќе од јасно дека не станува збор за пренесување информации, туку за гатање.

„Од СДСМ, пак, официјално н информираа дека новата платформа ќе содржи дополнувања и нови решенија што носат квалитетен и подобар живот за секој граѓанин.“

Токму така. Има официјална изјава од СДСМ и доволно било таа да се пренесе и да се посочат воочените факти, а не и предвидувања. Нешто што не е објавено, во случајов новата програма на партијата, автоматски не може да биде предмет на какви било анализи, а уште помалку да се извлекуваат заклучоци. Обично се чека партиите да ги објават програмите, па потоа новинарите ги анализираат, но и тогаш не можат да кажат која програма и партија ќе победи. Тоа, на крај, сепак го одлучуваат гласачите.

Повеќе од јасно е дека овој текст е навивачки и дека има цел однапред да го оцрни опозицискиот СДСМ и да го прогласи за губитник. Но, ваквата теза, базирана на предвидувања и на лично видувања, не држи вода, туку служи само за мачкање очи на читателот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести