verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Добрата структура носи точна вест

on 29 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Koha - Vritet komandant shqiponja

 

[Рецензија: Убиен командант Шќипоња]

 

За веста да има целосна структура, треба да одговори на шесте основни прашања и да ги има трите главни елементи: вовед, содржина и заднина со дополнителни податоци за личноста или прашањето што се обработува. Иако се работи за кратка вест, таа ги содржи сите важни елементи на една вест.

Koha - Vritet komandant shqiponja 1Линк од оригиналниот напис: „Убиен командант Шќипоња„

Датум и време на објавување: 23.07.2015, 14:52

Датум на рецензија: 24.07.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Уште на самиот пошеток, веста ја дава основната информација пто претставува одговор на прашањето што се случило. Потоа, продолжува да одговара на главните прашања на кои треба да одговори секоја вест.

Бидејќи се работи за убиство на личност која се занимавала со политика, искористени се и цитирани официјални извори од Министерството за внатрешни работи за да се потврди случајот и информацијата да биде уверлива за читателите. Ова е еден пример како треба да се пренесуват во јавноста вестите за убиства или смрт на личности кои се познати по име и по презиме, во време кога медиумите сè почесто грешат при објавуваање на ваквите вести, кои се непотврдени официјално, а кои неретко се покажале и како неточни.

Важен дел од оваа вест, кој треба да го има секоја вест, се дополнителните или „бекграунд“ информациите, во овој случај за животот и за делото на наведената личност. „Бекграундот“ му е потребен на читателот за да ја дознае улогата на конкретната личност во политичката сфера и зошто било важно за медиумот да му додели простор на овој настан.

Новинарот создал вест на професионален начин и со полна одговорност, како што треба да направи секој новинар.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести