verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста без одговор на сите прашања носи нејаснотии

on 29 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: СДСМ: Зврлевски во директна линија со Груевски]

 

Основното начело за подготвување на една вест е таа да се базира врз принципот на шестте прашања и на структурата позната како „превртена пирамида“. Веста што ја рецензираме е нецелосна поради неисполнување на овие елементи.

LSDM  Zvërlevski në linjë direkte me Gruevskin   screenshotЛинк до оригиналниот напис: СДСМ: Зврлевски во директна линија со Груевски

Датум и време на објавување: 23.07.2015

Датум на рецензија: 24.07.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Секоја вест, колку и да е едноставна или, пак, комплексна, треба да исполни некои основни елементи за да може да се објави. Уште повеќе, ова е потребно за прашања што се сметаат за „чувствителни“ и важни за јавноста, за кои се потребни повеќе информации и проверки. Новинарството бара јавноста да се информира кратко и јасно, но не неисполнувајќи ги и неприменувајќи ги соодветните елементи. Во случаите каков што е веста што ја рецензираме, веднаш се забележува дека таа е нецелосна.

Веста нема структура и воопшто не е јасна. Се повикува на прес-конференција на СДСМ, но малкуте редови текст не објаснуваат зошто доаѓа оваа реакција.

На јавноста ѝ останува да нагаѓа дека се работи за прашање што било во центарот на вниманието: истрагата за објавувањето на „бомбите“. Текстот не дава повеќе информации, особено околу проблемот кој е поводот за размени на обвиненија.

„Во овој случај, опозициската СДСМ реагира на соопштението на Обвинителството дека го повикало на разговор поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, началникот на ова управа, Горан Груевски, и други вработени во МВР.  Опозциската СДСМ го обвини Зврлевски дека овој потег не е исправен, бидејќи овие случаи треба да ги истражи специјален обвинител, според политичкиот договор.“

Но, читајќи ја веста што ја рецензираме, не можат да се добијат соодветни информации, бидејќи веста ги нема сите елементи.

Професионална норма е една вест да ги има сите страни, но и дополнителните информации бидејќи, во спротивно, таа не е јасна и потфрла во својата мисија да ја информира јавноста.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести