verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозен наслов демантиран во текстот

on 6 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 247 - Vesel Memedi besnikërisht me Ali Ahme_ - http___www.infoshqip.com_vesel-mem

 

Напис: Весел Мемеди верен на Али Ахмети

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, го подржува Али Ахмети за формирање на новата влада, само ако Ахмети влезе во составот на новата влада со заедничката платформа потпишана во Тирана во присуство на Еди Рама.

За Весел Мемеди не е важно кој ќе ја состави новата влада, ВМРО или СДСМ, туку важно е да се оствари заедничката платформа потпишана од албанските лидери.

„Голем дел од албанските политички партии составија заедничка платформа или заедничка изјава околу неопходните потреби на Aлбанците кои мора да се остварат, без разлика кој ќе ја состави новата влада“, пишува Мемеди.

Мемеди, за „Тетовасот“ се изјасни дека стои зад тоа што го изјави вчера на „Фејсбук“, каде што напиша дека овие политички партии на Aлбанците се изјаснија дека ќе им бидат верни на овие принципи, а не на некои други секундарни принципи, и дека ќе го поддржат тоа парламентарно мнозинство што ќе ги прифати овие основни барања на Aлбанците.

„Голем дел од албанските политички партии составија заедничка платформа или  заедничка изјава околу неопходните потреби на Албанците кои мора да се остварат, без разлика кој ќе ја состави новата влада. Овие политички партии на Албанците се изјаснија дека ќе им бидат верни на овие принципи, а не на некои други секундарни принципи, и дека ќе го поддржат тоа парламентарно мнозинство што ќе ги прифати овие основни барања на Албанците. ДУИ и нејзиниот лидер, кој ја презеде одговорноста да ја пренесе оваа платформа до македонската страна, има задача да им даде фидбек на другите албански политички партии околу одговорот на македонската страна во врска со оваа заедничка платформа. Во спротивно, овие албански политички партии не се должни да се придржуваат кон заедничката платформа.

Истовремено, другите албански политички партии, поддржувачи на оваа заедничка платформа, треба да внимаваат како се однесуваат, за да не ѝ дадат причина на ДУИ да не ја почитува заедничката платформа на Албанците. Платформата треба да биде поважна од сè друго!“, напиша Мемеди на својот профил на „Фејсбук“.

Инаку, денеска е последен ден на Никола Груевски како мандатар за составување на новата влада, при што Ахмети го има последниот збор и ако ДУИ не прифаќа да направи коалиција со ВМРО, тогаш мандатот треба да го добие Зоран Заев./ТетоваСот/

 

[Рецензија: Весел Мемеди верен на Али Ахмети]

Трендот на несовпаѓање на насловот со содржината на написот никако да престане. Обично, постојат две причини поради кои порталите „си поигруваат“ со насловите. Првата причина е за да привлечат читатели кои би го прочитале написот, но честопати уште на самиот почеток го демантираат насловот. Втората причина, пак, е да нападнат или да обвинат без никаква основа една личност, при што насловот им дава простор да го примамат читателот за тој да го прочита написот во кој сè е кажано на бомбастичен, но сепак нејасен начин, колку да се избегне одговорноста.

download (3)Линк до оригиналниот напис: „Весел Мемеди верен на Али Ахмети

Датум и време на објавување: 29.01.2016

Датум на рецензирање: 31.01.2017

Рецензент: Џенис Сулимани

Овој пристап го среќаваме и во рецензираниот текст. „Весел Мемеди верен на Али Ахмети“, пишува во насловот. Уште во првата реченица на написот, пак, стои: „Лидерот на НДП, Весел Мемеди, го поддржува Али Ахмети за формирање на новата влада, само ако Ахмети влезе во составот на новата влада со заедничката платформа потпишана во Тирана во присуство на Еди Рама“. Заклучокот е сосема едноставен. Мемеди е верен на заедничката платформа на албанските партии, а не на Али Ахмети, како што се тврди во насловот. Зборот „ако“ означува условување и не е показател за безусловна верност.

„Голем дел од албанските политички партии составија заедничка платформа, или заедничка изјава околу неопходните потреби на Албанците кои мора да се остварат, без разлика кој ќе ја состави новата влада“, пишува Мемеди.

Освен ова, во продолжение на текстот има потврда од Весел Мемеди, дека стои зад тоа што го напишал пред неколку дена.

„Мемеди, за „Тетовасот“ се изјасни дека стои зад тоа што го изјави вчера на „Фејсбук“, каде што напиша дека овие политички партии на Aлбанците се изјаснија дека ќе им бидат верни на овие принипи, а не на некои други секундарни принципи, и дека ќе го поддржат тоа парламентарно мнозинство што ќе ги прифати овие основни барања на Aлбанците“.

Новинарите не треба да си дозволат да ги толкуваат на еден ваков начин изјавите на политичарите. Нивните изјави треба да се пренесат на точен начин, без да претрпат каква било измена. Новинарот носи одговорност за личните толкувања и треба да се потруди да не ги напише истите во текст од информативна природа.

Кодексот за етика на новинарите и прирачникот за негова употреба, е јасен во оваа насока: (Новинарот) Секогаш треба да се стреми да се задржи оригиналниот контекст на сите цитати или извадоци. Новинарското известување не смее да ја смени смислата на реченицата, изјавата или цитатот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

Не

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести