verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неосновани напади за дискредитација на амбасадорот Бејли

on 6 - 02 - 2017       

infomax

[Рецензија: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД!]

 

Коментаторски и сензационалистички текст кој тенденциозно се обидува да ја дискредитира работата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и да го обвини за нешто без потврда, докази и без аргументи. Написот користи недоличен и навредлив говор. Истакнати личности се нарекуваат „паразити“ кои се „хранат од дојката на УСАИД и Сорос“.

КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД!

Датум и време на објавување: 02.02. 2017

Датум на рецензирање: 05.02.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА

Текстот тврди дека некои професори, интелектуалци, новинари, (не е наведено на кого се мисли, па се остава на имагинацијата на читателот да одлучи за кого станува збор), прават злоупотреба на фондовите на американската влада.

„Паразит „интелектуалците“, неколкумина професори кои сеуште се хранат од дојката на УСАИД и Сорос, новинари кои не би знаеле како да работат кога не би постоела злоупотребата на фондовите на американската влада, најавија иницијатива за одбрана на Амбасадорот на САД Џес Бејли“.

Ова е апсолутно испревртување на вистината затоа што финансиите од УСАИД се доделуваат преку посебни критериуми и услови кои мора да ги исполнат тие што конкурираат за тие пари, дадени преку разни проекти. И тие суми ги доделува УСАИД, а не ги злоупотребуваат „неколкумина професори“ и „новинари“, како што тврди текстот. Воопшто нема доказ што ќе го потврди обвинувањето дека парите се злоупотребувани, што ја прави оваа констатација неповерлива и невистинита.

 

ТЕНДЕНЦИОЗНИ ОБВИНУВАЊА

Во написот се вели дека амбасадорот Бејли ја дерогирал државата, Уставот и законите и дека, наводно, бил „осомничен“ за политичката криза. Не е посочен ниту еден релевантен доказ дека напишаното е вистина. Напротив, амбасадорот Бејли беше посредник во постигнувањето на Договорот од Пржино, кој четирите најголеми политички партии го потпишаа за излегување од политичката криза.

„Покренувањето на истрагата од страна на Конгресот на САД во работата на Бејли пристигна откако неколку светски медиуми пренесоа дека во Македонија од страна на Амбасадата на САД биле злоупотребени фондовите на УСАИД со цел финансирање и поддршка на една политичка опција во земјата. Освен тоа, Бејли во светските медиуми беше обвинет за вмешување во внатрешните работи на државата“.

Се користи фразата „светските медиуми“, иако не е јасно за кои медиуми станува збор. Нема ниту цитат од тие написи, ниту линкови што водат до нив за читателите да можат  да се уверат дека имало такви пишувања во странски медиуми и дека, како што се тврди, Бејли бил обвинет за вмешување во внатрешните работи на земјата.

Дури и да имало некои таканаречени медиуми кои го пишувале тоа, не значи дека напишаното е точно и релевантно.

 

 

ДЕМАНТ

Напротив, од Стејт департментот стигна потврда дека американската администрација има целосна доверба и ја поддржува работата на амбасадата и на амбасадорот Бејли.

Исто така, нејасно е како Бејли бил „чадор“ и како осомничените во „Пуч“ биле под негова заштита. Недостига потврда што би можела да го поткрепи ова тврдење.

Без докази, текстот тврди дека Кристина Каранакова е десна рака на амбасадорот Бејли и дека во јавноста, наводно, била обвинета за вршење притисок врз судиите и врз обвинителите во државата заради донесување одлуки во корист на барањата на СЈО. Не е наведен ниту еден релевантен доказ што може да ја потврди ова констатација истресена од ракав.

Сè на сè, празен текст кој нафрла обвиненија и оркестрира напади за да се дискредитира работата на американскиот амбасадор Бејли. Напис конструиран само на празни, непотврдени и на неаргументирани обвинувања, кој ја наведува читателската јавност на погрешни заклучоци.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести