verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Телепатија во фејсбук-новинарство

on 22 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

КАНАЛ-5-Телевизија-opozicija-przino-crop-resize

 

[Рецензија: Незадоволство во опозицијата- договорот од Пржино лош за СДСМ]

 

Времево е за никаде, едноставно не ми се работи. Кој ќе врти по портпароли сега… Ми текна! Ќе отворам „Фејсбук“ и ќе констатирам дека цела партија се распаѓа. Генијално!

Можеби прилогот што го рецензираме не бил направен баш по овој тек на размислување, меѓутоа во отсуство на официјални информации и констатации од објави на социјалните мрежи, се создава впечаток на мрзеливо коментаторско новинарство. За ситуацијата да биде уште „поинтересна“, авторот прави обид да толкува фејсбук-статуси, тврдејќи дека знае што сакале да кажат соговорниците – секако, без да ги праша.

КАНАЛ 5   ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Незадоволство во опозицијата- договорот од Пржино лош за СДСМ

Датум и време на објавување: 19.7.2015, 15:01

Датум на рецензирање: 21.7.2015

Рецензент: Александар Пешев

Авторот на текстот не остава впечаток дека за своите констатации ги консултирал засегнатите страни. Социјалните мрежи се претворија во извор на информации, но непрофесионално е истите да се користат без барем еден официјален извор. Во случајов имаме коментаторски елементи кои почнуваат од самиот наслов:

„Незадоволство во опозицијата- договорот од Пржино лош за СДСМ“

Ваквата констатација се поврзува со фејсбук-статуси на три лица, од кои барем двајца би можеле лесно да се добијат за официјална изјава, но тоа не е сторено, поточно нема информација дали е направен таков обид. Цитатите од објавите на социјалните мрежи се користат за извртување на вистината, поточно за постигнување спин. Тоа најдобро се согледува во следниве формулации:

„Доза на разочарување ден по постигнувањето на договорот се забележа и во статусот на претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов тој иронично пишува „Подобро било каков отколку никаков договор или не?“

Не е јасно со која стручност авторката констатира доза разочарување? Политичката пристрасност на текстот се согледува во следнава формулација, која, впрочем, ја покажува намерата на авторката да им става зборови в уста на своите соговорници, коментирајќи ги новните искази:

„Ако ги убеди да има избори во април тогаш политичката судбина на еден од тие лидер ќе биде запечатена, напиша Ефтов, имајќи ги предвид рејтинзите на партиите и убедливата предност на ВМРО ДПМНЕ која е повеќе од двојна во однос на СДСМ.“

Од каде се дознава дека изворот ги имал предвид рејтинзите на партиите не е јасно, освен ако во пишувањето на ова дело не биле употребени телепатски способности.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести