verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Плукање по политички опоненти за да се испере нечиј образ

on 23 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ-се-претераа-себе-си-Груевски-не-е-и-никогаш-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ се претераа себе си. Груевски не е и никогаш не може да биде Фрчкоски!]

 

Текст кој повеќе наликува на писмо до бившиот, отколку новинарска објава. Поранешни функционери се ставени на столб на срамот со вулгарни квалификации, а преку коментаторски елементи се брани првиот човек на актуелната власт, која располага со народните пари. Нема ни обид да се прикрие навивачкиот провладин елемент на објавата полна со коментари и со шпекулации.

СДСМ се претераа себе си. Груевски не е и никогаш не може да биде Фрчкоски    ВечерЛинк до оригиналниот напис: СДСМ се претераа себе си. Груевски не е и никогаш не може да биде Фрчкоски!

Датум и време на објавување: 20.7.2015, 20:15

Датум на рецензирање: 22.7.2015

Рецензент: Александар Пешев

Тука немаме новинарски текст, па дури ни коментар, имајќи предвид дека објавата не е заснована ниту на факти, ниту на аргументи, па макар и здраворазумски.

Одбраната на јавниот интерес инволвира контролирање на начинот на кој актуелните избраници ги трошат народните пари. Токму тоа е еден елемент од улогата на професионалните новинари како чувари на демократијата. Тука имаме чиста спротивност:

„… пропагандистите на СДСМ почнаа со филмови од црната пропаганда, како на пример, каде е премиерот Никола Груевски на одмор и колку скапи очила носел. Груевски е на одмор, како и секој од нас кога ќе му дојде време.“

Токму така. Како се осмелувате да пишувате за скапите очила на човекот што го плаќате од ваши народни пари? Бруки! Оние што не ги трошат народните пари се обвинуваат за пропаганда за да се оправдаат скапите очила на премиерот. Потоа се оди со формулации кои создаваат впечаток дека нападот е најдобра одбрана:

„Филмот што го продаваат за Груевски е монтажа на нивниот лик Фрчковски со часовникот од 60.000 долари, сексуални оргии во МВР, милионски профити од фришоповите на неговиот брат.“

Тука имаме чиста навреда. Но, зошто толку непристојни формулации?

„Груевски сè уште живее во својот личен стан, нема скапи часовници, одела и уметнички слики во милионски износи.“

Значи, скромен е човекот, а опозиционериве порано биле бруки? Токму тука се согледува политичката пристрасност на објавата, јасно насочена кон одбрана на премиерот. Следи уште една серија навреди за припадници на опозицијата за на крај да се заклучи дека актуелниот претседател на владата е скромен. Имаме објава која, жаргонски кажано, е наменета за плукање по политички опоненти со веројатна крајна цел да се испере нечиј образ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести