verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Иронијата на новинарот не треба да биде дел од веста

on 22 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

Lajm - Shqiptaret nuk u besojne fjaleve te BDI-se, shikoni si i pergjigjen Osmanit!

 

[Рецензија: „Албанците не им веруваат на зборовите на ДУИ, видете како му одговараат на Османи!„]

 

Важните политички збиднувања се важен јавен интерес. Таков беше и случајот со разговорите за политичката криза во Македонија. Прашањата што се поставуваат по постигнувањето на договорот што директно ги засега луѓето се легитимни, но при известувањето, иронијата и сарказмот не треба да бидат дел од веста. Тие може да се употребат во други рубрики, како што се коментарите или ставовите.

Lajm - Shqiptaret nuk u besojne fjaleve te BDI-se, shikoni si i pergjigjen Osmanit!Линк до оригиналниот наслов: Албанците не им веруваат на зборовите на ДУИ, видете како му одговараат на Османи!

Датум на објавување: 15.07.2015

Датум на рецензија: 16.07.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Teкстот што го рецензираме го покренува прашањето околу постигнатиот политички договор, кој не предвидува во Министерството за внатрешни работи заменик-министерот да биде Албанец. Ова е едно прашање со значителен интерес, имајќи ги предвид политичките збиднувања.

Но, во известувањето за ова прашање има сарказам и иронизација „фактот дека ДУИ нема да има заменик министер во МВР… Ова е една добра вест за Албанците во Македонија…“

Написот има и претпоставки: „немањето на заменик министер од редовите на ДУИ, ја намалува, меѓутоа и не ја елиминира целосно, опасноста од некоја нова монтирана акција против Албанците, бидејќи оваа партија и после Октомври останува во владата“.

Новинарот со право може да изброи чувствителни настани и случаи, барајќи одговорност од институциите. Но, со иронизација и со коментирање, веста станува еднострана и ја губи важноста на прашањата што ги покренува.

Веста се повикува и на реакцијата на граѓаните за договорот. И овој елемент е дозволен, бидејќи го нуди мислењето на луѓето, за кои и се носат политичките одлуки. Но, тоа не треба да се направи сo навредлив или омаловажувачки речник.

Написот кој обработува прашања од јавен интерес би бил целосен доколку судот им се остава на самите читатели.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести