verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст загубен меѓу грчките плажи и брендираната гардероба

on 18 - 07 - 2016       

vecher

[Рецензија: СДСМ не сака договор – Заев замина на плажа во Грција]

Ова несомнено е шпекулативен и коментаторски материјал, медиумски производ што не ја крие својата пристрасност и едностран пристап кон политичката ситуација. Желбата е јасна – да се пофали владејачката партија за конструктивност, а да се прекори опозицијата како неволна за компромиси, како размазен политички субјект подготвен само за блокади… Ете го и спин-моментот. Значи, присутни се безмалку сите елементи кои во последниот период ги красат текстовите кои како да се координирани од извесен центар за комуникации.

 11111Линк до оригиналниот напис: СДСМ не сака договор – Заев замина на плажа во Грција

 Датум и време на објавување: 15.07.2016,  15:54

 Датум на рецензирање: 17.07.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

А КОЈ ПОТВРДИЛ ДЕКА ЗАЕВ СЕ СОНЧА НА ХАЛКИДИКИ?

Кога еден напис располага со многу шпекулации и нагаѓања, а пласирани, демек, како проверени информации, тогаш е тешко да се каже дека вистинитост(а) му е јака страна. Еве, се пласира вест дека лидерот на СДСМ заминал на одмор во Грција. Во ред, да кажеме дека тоа е новост важна за јавноста да ја знае. Но, прашањето е како е таа поткрепена? Нема потврда од кабинетот на Заев, нема потврда од партијата, нема очевидци, нема извори… Со други зборови, нема никаков доказ, што е спротивно на принципите утврдени во Кодексот на новинарите:

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно (член 1).

Не би сакале да веруваме во параноични сценарија дека некои медиуми добиваат полициски билтени на дневна база за тоа кој опозициски челник каде бил и каде ќе оди. За жал, во таа насока одат и дополнителните информации за точната локација на неговиот престој за што Заев, како што се тврди, плаќал по 600 евра на ден. Настрана ваквиот начин на објавување вести, целосно непроверливи, кои се од приватен карактер, ситуацијата дополнително се злоупотребува за да се испорача партиско-политички спин.

„СДСМ не сака договор – Заев замина на плажа во Грција“

„Преговорите се само парада на СДСМ и на соросоидите.“

„СДСМ ниту сака договор, ниту се надева дека ќе биде постигнат.“

 

ЗА ОБЛЕКАТА И ЗА СУШТИНСКОТО ПРЕГОВАРАЊЕ

Оттука, проблем за преговарачкиот процес е ако, како што се вели, лидерот на опозицијата е надвор од земјата, ама затоа, пак, нема каква било мака доколку во екот на разговорите во Пржино во странство се шета претседателот на владејачката партија. Лошо е ако тоа го прави опозиционерот, ама не и властодржецот. Ептен селективни критериуми има овој текст. Од друга страна, ако недостигаат именувани или релевантни извори како поддршка на главните тези во текстот, тогаш не недостигаат коментари што ја дополнуваат сликата за пристрасност, секако партиска:

„Старата пракса на СДСМ, пред странските дипломати да ветува дека ќе се договори за вонредни избори, а веднаш потоа Заев и Шекеринска да изнесат нови барања кои оневозможуваат договор и избори – продолжува и натаму“.

 

„Шекеринска на преговорите дојде со нова, исклучително скапа брендирана гардероба (што може и да се забележи на фотографијата), додека во Грција веројатно ја чека нејзината јахта со која беше снимена лани“.

Ваквкиот пристап се коси со членот 12 од новинарскиот Кодекс, каде е наведено:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. 

И, ај што е коментар, ама што е коментар без врска со темата? Каква е релацијата меѓу гардеробата на заменик-претседателката на Заев со текот на преговорите за политичките прашања? Одговорот е –  никаква. Самата констатација повеќе има предзнак на лична пресметка.

Сериозна тема, обработена еднострано, како по нечиј диктат. Текст загубен во лавиринтите на шпекулации и на коментари за грчки плажи, скапи летувалишта и уште помодерна гардероба.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести