verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Војна или вежба, можете ли да разликувате?

on 18 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Ina za leten kamp 2006

 

Напис: Близок контакт меѓу војниците на Косово и Македонија, имаше и „истрели“

Кадети на безбедносните сили на Косово 10 дена вежбаа заедно со војници од 13 светски држави.

Во Криволак во Македонија тие вршеа вежби заедно со армиите на САД, Велика Британија, Турција, Словенија, Романија, Италија, Албанија, Македонија и на други земји. Истрели имало, но само со маневарски оружја, во функција на заедничките вежби.

Воената вежба „Летен камп 2016“, пренесува КП, завршила денеска. Војниците на земјите учеснички ги демонстрираа нивните способности за тоа што го вежбаа десет дена.

Директорот на Управата на операции и обука на БСК, Зумер Халими, рече дека оваа активност, која од 2010 година станала традиција, е многу важна бидејќи на кадетите на БСК им се дава можност да споделат искуства со луѓе од 13 други држави.

Исто така, Халими рече дека кадетите на БСК може да слушаат предавања, но и да предаваат на овој камп. „Оваа активност ја организираме и реализираме веќе неколку години и сега стана традиционална активност. Од 2010 година ги собираме нашите кадети во овој камп во полигонот на Криволак. Ова е една многу важна активност, поради тоа што учеството на 13-те земји овозможува и нашите кадети да добијат нови искуства, да споделуваат искуства, да се дружат, да разговараат; тие да ги видат нашите активности, ние да ги видиме нивните активности, да ги комбинираме и да правиме споредби до каде сме и што треба да направиме за да се организираме уште подобро“, рече Халими.

Воената вежба „Летен камп 2016“ е организирана од македонското Министерство за одбрана и Армијата на Република Македонија. Заменик-министерот за одбрана во оваа држава, Беким Максути, рече дека годинава е забележан рекорден број учесници во овој камп и рече дека учесниците од овие држави може да покажат дека може да зборуваат и да соработуваат со еден заеднички јазик.

Воената вежба „Летен камп 2016“ во Криволак собра 290 учесници од 13 држави.

Припадниците на БСК од 2010 година учествуваат во овие активности организирани од Македонија.

[Рецензија: „Близок контакт меѓу војниците на Косово и Македонија, имаше и „истрели“]

Две армии се наоѓаат една наспроти друга, а медиумот известува и за истрели меѓу нив. Ова асоцира на нешто за кое би имал интерес секој граѓанин од која било од двете земји. Загриженоста е сериозна бидејќи се подразбира од насловот дека е ставена во ризик безбедноста на граѓаните. Но, всушност, се случувало нешто сосема друго, дури и спротивното на тоа што го кажува насловот.

 

Ina Online - kontakt i afert mes ushtareve te Kosoves dhe Maqedonise 1Линк до оригиналниот напис: Близок контакт меѓу војниците на Косово и Македонија, имаше и „истрели“

Датум на објавување: 13.07.2016

Датум на рецензирање: 14.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Во изминатите години имаше неколку случувања што ги ставија под прашалник односите меѓу двете држави Косово и Македонија. Затоа, насловот „Близок контакт меѓу војниците на Косово и Македонија, имаше и ’истрели’“ ѝ наредува на логиката на читателот да мисли дека односите меѓу двете држави се влошени, можеби како последица на претходните случувања, и дека состојбата ескалирала до толку што дошло до меѓусебен напад.

Кога заинтересираниот читател го чита текстот за да дознае повеќе, сѐ што му кажал насловот паѓа во вода. Текстот детално информира дека станува збор за вежба на воените сили на неколку светски држави, која се одвивала во Македонија, и во која учествувале и сили на косовската армија.

„Кадети на безбедносните сили на Косово 10 дена вежбаа заедно со војници од 13 светски држави. Во Криволак во Македонија тие вршеа вежби заедно со армиите на САД, Велика Британија, Турција, Словенија, Романија, Италија, Албанија, Македонија и на други земји. Истрели имало, но само со маневарски оружја во функција на заедничките вежби.“

Наместо да информира за вежбата како нешто необично и позитивно, текстот преку насловот го свртил тоа во нешто необично, а негативно. Другиот дел од текстот е во ред. Информацијата е пренесена од гледна точка на медиумите од Косово и истата можеме да ја прочитаме во некои од нив, со многу правилни, информативни и нетенденциозни наслови.

Kадети на БСК заедно со војници од 13 држави на вежби во Македонија

Kадети на БСК заедно со војници од 13 држави во Криволак

Kaдети на БСК заедно со војници од 13 држави на вежби во Македонија

Можеме да констатираме дека изборот на овој наслов не бил случаен, ниту, пак, лапсус на новинарот, туку е намерно така формулиран за да привлече повеќе внимание и да ја зголеми читаноста, заборавајќи дека тоа може да има како последица страв и несигурност кај читателите.

Истиот текст, но со ваков наслов како во „Ина-онлајн““, тенденциозен, е објавен во  „Лајмпрес.мк“, додека „Teтовa 1“, по истиот наслов, во загради објасниле дека станува збор за вежба.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести