verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Анкети и експерти на услуга

on 15 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Vecer za rejtingot

[Рецензија: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно] 

 

Каква е целисходноста на објавување резултати од стари анкети? Уште повеќе, каква намера се открива кога во една медиумска содржина се објавуваат само коментари поврзани со тие анкети, без да се добие јасна слика за што станува збор, бидејќи нема јасни бројки и статистички податоци врз основа на кои може да се препознаат трендови и да се споредат параметри?

Вакви прашања предизвикува текстот што го рецензираме. И бидејќи самиот текст не нуди одговори на овие прашања, тогаш останува контекстот или мотивацијата, на ваков начин да се коментираат нецелосни, несеопфатни и неиндикативни резултати.

Мотивацијата се открива во изјавата на соговорникот од кој се побарани коментари и кој во еден дел од својот исказ вели:

„Лидерот на една партија може да се повлече ако тој со личниот рејтинг ја влече партијата надолу, или ако претрпи голем изборен пораз. Кога ги прочитав шпекулациите помислив дека се пишува за Заев, имајќи предвид дека тој има двојно понизок рејтинг од СДСМ. Во случајот на Груевски тоа апсолутно не е така, а ВМРО­ДПМНЕ со него 10 години победува на сите изборни циклуси.“

 

07142016-Vecer-Grujo-RejtinЛинк до оригиналниот напис: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно

Датум и време на објавување: 13.07.2016 – 17:04

Датум на рецензирање: 15.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

Од коментарите на соговорникот, искористен како експерт за толкување анкети, не може да се одбегне впечатокот на целосна политичка пристрасност, и, оттаму, не може да се очекува објективна експертска анализа. Дури и на стари податоци од анкети, згора на тоа нецелосно презентирани.

Следствено, бидејќи имаме само еден извор, имаме едностран поглед на нештата и, како последица, и политички пристрасен текст. Не само соговорник.

Еве една од препораките за тоа како треба да се користат анкетите, издвоена од лекцијата „Новинарите многу ги сакаат анкетите“ објавена на „Сервисот на проверка на фактите од медиумите“:

„Доколку медиумите не сакаат да бидат само пропагатори на одредени политички партии, тие мораат не само да ги постават сиве овие прашања, туку и резултатите од спроведените анкети да ги презентираат во контекст на: изготвувачот на анкетата (поврзаноста со конкретна политичка опција и реалните капацитети за спроведување анкета), употребените процедури, претходниот историјат и резултатите од слични анкети спроведени во истиот период. Само така презентираната информација за определена анкета може да претендира на објективност, а конечниот суд за понудените вредности да се препушти на самата јавност.“

Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, на јавноста ѝ е оневозможено сама да донесе суд за резултатите од анкетата. Тоа не е добра новинарска практика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести