verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст колку да се напише нешто

on 24 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Социјалните-мрежи-го-избраа-најчудното-соопштение-од-СДСМ-crop-resize

 

[Рецензија: Социјалните мрежи го избраа најчудното соопштение од СДСМ]

 

Веќе навикнавме по интернет-порталите да читаме секакви работи што се пласираат како новинарски текстови, а имаат цел само да соберат што е можно повеќе кликнувања и со тоа да ја кренат читаноста на веб-страницата на која се објавени. Таков е примерот и со овој текст, кој не е вест, туку е тенденциозен и политички мотивиран напис.

Социјалните мрежи го избраа најчудното соопштение од СДСМЛинкуван наслов на анализираниот напис: Социјалните мрежи го избраа најчудното соопштение од СДСМ

Датум и време на објавување: 20.11.2015

Датум на рецензирање: 23.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Во написот се говори за тоа дека на социјалните мрежи е избрано најчудното соопштение на СДСМ.

„Иако конкуренцијата беше навистина силна социјалните мрежи овие денови го избираа најчудното соопштение од СДСМ. Тоа е соопштението со наслов: „Брзата помош им е потребна на Груевски и Тодоров, ама и таа нема да им помогне“.“

Досега немало избор за најчудно соопштение на политичка партија, па лесно човек може да помисли дека такво нешто се одвивало на социјалните мрежи. Но, кога ќе го прочитате текстот, сфаќате дека таков избор немало никаде. Не е објавено на која социјална мрежа се правел изборот, дали тоа можеби било некаква анкета, кој ја изработил и слично. Многу прашања, ниту еден одговор.

Понатаму, се вели дека за најчудно е прогласено соопштението „Брзата помош им е потребна на Груевски и Тодоров, ама и таа нема да им помогне“. Зошто токму тоа соопштение е најчудно? Го нема текстот на соопштението за да може читателот да се увери во она што авторот на овој неверојатен текст го тврди.

„На социјалните мрежи има коментари од различен карактер, највеќе се присутни оние кои тераат шега со ваквите соопштенија, но има и такви кои искажуваат сериозна загриженост за хаосот и нервозата во опозициските редови.“

Убаво што имало најразлични коментари. Уште да можевме да ги прочитаме и да видиме колку навистина граѓаните „се загрижени за хаосот и нервозата во опозициските редови“.

„За тоа што мисли народот пак се верификуваше со последната анкета на ИРИ, каде ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред СДСМ односно рејтингот е 24 % за ВМРО-ДПМНЕ и само 12 за СДСМ. Веројатно ваквото расположение присутно кај граѓаните е изворот на нервозата и фрустрациите во опозициските редови.“

И каква врска има сега ова со „чудното“ соопштение на СДСМ? Ако целта била да се покаже дека власта има поголем рејтинг од опозицијата според ова истражување, тоа требало да се наведе на почеток. Но, овде имаме напис на сосема друга тема, кој нè убедува во нешто, но таквиот навод не го аргументира со ништо, па дури не ни дозволува да го видиме тоа „чудно“ соопштение, туку текстот бара да му веруваме на збор. Зошто би се прикривало таквото „најчудно“ соопштение ако навистина е толку многу „чудно“?

Ова е еден крајно тенденциозен и политички мотивиран текст, кој не содржи во себе никаква, а камоли релевантна и кохерентна аргументација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести