verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Горди на дебели манипулации

on 24 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

sdsm-opozicija-joksimovski-09876-0980-crop-resize

[Рецензија: СДСМ и опозициските медиуми горди на наркомани и криминалци со дебело досие]

 

Авторите на оваа медиумска содржина си поставиле задача уште во првата реченица на овој текст:

„СДСМ се спушти толку ниско што дојде време да направи пакт и да се брани со Бошко Јосимовски викан Црвен познат по тешки кривични дела, разбојништва, обид за убиства, осуденик за наркотици.“

Потоа следува содржина полна со тези и со неодржливи аргументи кои никако не можат да ја поткрепат намерата затоа што од неа извира чисто политичка мотивација.

Единствениот „аргумент“ со дебели наводници, според зборовите на авторот на овој текст, е дека „опозицискиот ’Фокус’ направи големо интервју…“.

Со таквата постапка оваа политички пристрасна медиумска содржина прекрши два члена на Кодексот на новинарите.

11232015-Republika-SDSMNarkЛинк до оригиналниот напис: СДСМ и опозициските медиуми горди на наркомани и криминалци со дебело досие

Датум и време на објавување: 18.11.2015

Датум на рецензирање: 23.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Како прво, кога во новинарски текст се квалификува друг медиум зашто објавил интервју со некое лице, кое без докази се поврзува со одредена политичка партија, тоа е спротивно на членот 16 од кодексот, кој истакнува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Како второ, таквата постапка открива изразена наклонетост кон владејачката политичка гарнитура и тоа го прави овој текст прилично пристрасен. Членот 14 од Кодексот, пак, налага:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Да се вратиме на првичната теза од која извира целината и намерата на текстот што го рецензираме. Новинарската намера која се храни со таква методологија, да етикетира и да објави дека нечие индивидуално поведение се доведува во врска со некоја политичка партија, е крајно непримерено. Особено зашто нема никакви наводи или докази дека тоа лице е член на таа партија.

Уште поненовинарска е постапката карактеристиките на кој било поединец да им се „лепат“ на политичките партии. Тоа е само, и само, нефер и неетичка политичка постапка, која не треба да има никаква врска со професионалното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно, селектирано

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести