verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Срамна и дрска квазиновинарска фото-вест

on 27 - 08 - 2015       

fullpage_vecer_sekulovska-crop-resize

 

[Рецензија: За Секуловска повикот полицијата да се самоубие е добар графит!]

 

Македонското квазиновинарство желно за сензација и за кликнувања по секоја цена, веќе одамна не води грижа за вистината, ги меша мислењата и фактите и ладнокрвно повикува на линч на јавни личности. Овој текст, ако може така да се нарече, имајќи предвид дека се состои од наслов, поднаслов и од две-три реченици придружени со фотографија на улична уметност, целосно е базиран на невистини. Неговата цел е, врз основа на неточни претпоставки, да создаде негативни чувства, омраза и бес поради наводниот антидржавен и непатриотски став на новинарката која се дрзнала да објави графит на својот личен фејсбук-профил.

За Секуловска повикот полицијата да се самоубие е добар графит!

Линк до оригиналниот напис: За Секуловска повикот полицијата да се самоубие е добар графит!

Датум и време на објавување: 23.08.2015, 13:40

Датум на рецензирање: 25.08.2015

Рецензент: Горан Ризаов

Првиот неточен податок е вметнат уште во самиот наслов, каде се манипулира со перцепцијата на читателот дека содржината на еден графит на англиски јазик, фотографиран на непозната локација, се однесува на македонската полиција. Со тоа се сугерира дека новинарката ги повикува полицајците на самоубиство, а потем и дека таа повикала на напад и на убиство над припадниците на МВР. Веќе во поднасловот продолжуваат редовните обвинувања и шпекулации, кои станаа редовен декор на насловните страници и на интернет-порталите на некогаш угледните македонски медиуми. Се вели дека новинарката, која е „блиска до СДСМ“ и „дебело платена од Сорос“, удрила по македонската полиција.

Потоа се цитира содржината на графитот како да е лично напишан од нејзина страна и од напад се преминува во одбрана на активностите на македонските власти и на полицијата, која „изминативе денови им помага на мигрантите и воведува ред при нивниот транспорт“, а воедно и „деноноќно ја чува македонската граница и работи според македонските закони“. Како да е очекувано да не работи според законот и да не ја чува границата. Но, којзнае, можеби некој си ја има мувата на капата. Сето тоа без да се цитира ниту еден извор и без потпис од авторот, кој пишува како да бил на местото на случувањата и известувал од настаните во Гевгелија.

Да биде ситуацијата уште потрагикомична, во самиот текст е прикажан скриншот со фејсбук-коментарите на објавената фотографија од графитот. Во еден од овие коментари, новинарката вели дека не знае каде е фотографиран графитот, но „е добар“. Веднаш потоа, во коментар кој е пренесен и на веб-страницата на дневниот весник „Вечер“, стои одговор од друг фејсбук-корисник дека графитот е хрватски. Медиумот, кој тврди дека за новинарката повикот на самоубиство на полицијата е добар графит, во истиот текст пренесува тврдење дека графитот воопшто не се однесува на македонската полиција, ниту, пак, е фотографиран во Македонија.

Коментирајќи го гестот на постирање фотографија на личен профил на „Фејсбук“, се вели дека новинарката води политичка борба во име на опозицијата, како тоа само по себе да се подразбира. Бидејќи графитот ги поддржува мигрантите? Бидејќи ги напаѓа полицајците? Бидејќи ги повикува туристите да си заминат дома? Опозицијата не го направи ниту едното, ниту другото, ниту третото.

А, иронијата преминува во сакразам кога само со мало пребарување на интернет ќе наидете на фотографија од овој графит објавена уште на 6 јануари 2013 година, на австриската сатирична интернет-страница raketa.at од извесен Мирко Буријан.

Последната реченица во оваа квазиновинарска полуфотовест – полукоментар е, всушност, заклучок даден врз база на комплетна измислица кој ја содржи основната манипулација. Вели „вакви навреди и барање полицајците да се убијат е во најмала рака срамота и дрскост“.

Да, точно, срамота и дрскост во најмала рака е да се објави ваков монструозен текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

национална дискриминација, верска дискриминација, политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести