verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не секоја информација од македонските портали може да се пренесе без да се провери

on 27 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Шекеринска платила по 2.000 евра од вечер во луксузната вила во Грција]

 

Тенденциозен напис кој е пренесен од медиумите на македонски јазик, без ниедна проверка или потврда. Порталот на албански јазик, кој ја пренесува нецелосната и тенденцизна вест од порталот „Република“, не понудил ниту еден дополнителен доказ за текстот што одлучил да го преведе и да го објави.

Shekerinska ka paguar 2.000 euro natën në villen luksoze në GreqiЛинк од оригиналниот напис: Шекеринска платила по 2.000 евра од вечер во луксузната вила во Грција

Датум и време на објавување: 18.08.2015

Датум на рецензијата: 20.08.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Во овој текст не е направен обид да се контактира со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, за да се дознае лично од неа колку потрошила за нејзиниот одмор. Нема обид да се добие реакција и од други службени лица од СДСМ за покренатите прашања. Текстот само ги пренесува паушалните цени објавени од „Република“, иако во текстот не е наведено ниту името на викендичката каде престојува Шекеринска, а камоли цените што се наведени како информација.

„Вилата во која беше сместена потпретседателката на опозиционата СДСМ, Радмила Шекеринска, а се наоѓа на јонското крајбрежје е една од најлуксузните во западна Грција. Таму престојот од ден во месец август е 2.000 евра, или, пак, за 10 дена цената е 18. 000 евра, пишува Република.“

Текстот продолжува со тенденциозни претпоставки и без факти, некогаш како констатации, а некогаш како прашања.

„Ако само престојот на потпретседателката на СДСМ, Шекеринска чини по 2.000 евра од ноќ, колку вкупно чини нејзиниот одмор? 20.000 евра? 30.000? 40.000 евра? Џипот, јахтата, скапата облека, луксузната вила денес се одлика на годишниот одмор на заменик-потпретседателката на СДСМ.“

Овој текст не содржи доволно релевантни информации за да биде вест. Авторот тенденциозно и без факти се обидува да го анализира одморот на опозициски функционер, а притоа не нуди никаква информација или споредба за одморите на државните функционери.

Ваквите текстови не треба да се заложници на негативните тенденции на разните медиуми. Кога е евидентно дека еден текст на македонски јазик има професионални проблеми, тогаш одговорноста паѓа врз медиумот што го преведува и го објавува. Секако дека еден медиум може да поаѓа од некоја информација што е објавена во некој друг медиум и да направи дополнителни истражувања или да обработи прашања од поинаков агол.

Нема дискусија дека луксузот на политичарите буди интерес кај јавноста. Но, објавувањето одредени суми и информации без да се аргументираат, не им помага на читателите да го разберат тоа што е цел на понудената информација.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести