verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Совет на јавни обвинители во командна подреденост

on 7 - 11 - 2015       

fdfadsfa-09876-0980708090706-crop-resize

 

[Рецензија: Прифатено барањето на Јанева што не можело да се одбие]

 

По прашањето за работата на Советот за јавни обвинители, дневниот весник што го објави рецензираниот наслов имаше три последователни извештаи. По првиот, понеделничкиот (2 ноември 2015 година) дневниот весник веројатно прв во земјава објави дека до крајот на неделата (петок, 6 ноември 2015 година) специјалната јавна обвинителка Јанева ќе има комплетен состав, инаку пречка за усвојување на заклучоците од Договорот од Пржино веќе три недели по ред. Следниот ден следуваше вест – демант од првиот човек на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, дека тие го „затвориле“ случајот Јанева и за нив нема никакво помрднување од ставовите, односно нема потреба од ново свикување состанок. Ова беше демант и на споменатиот напис со кој „Дневник“ во таа жешка политичка недела влезе во предност со својата присутност до изворот на сознанијата пред конкуренцијата?! А, во средата со рецензираниот текст, односно со развојот на настаните, се демантираше претходниот став на Аневски. Од сето тоа можеа да произлезат многу дилеми и поводи за написи, коментари и слично, во кои токму првиот човек на Советот на јавни обвинители би требало да биде во центарот на вниманието. Редакцијата се одлучила, во согласност со насловот, за еден адвокатски став кон некого кој, пред сè, ја измамил оваа редакција со својата наводна цврстина, непопустливост, принципелност… Има ли објаснување за тоа што насловот го сугерира: дека постојат работи под чие влијание се топи сè што како свој квалитет си го изнареди првиот човек на СЈО? И под чие тоа влијание? Навистина ли треба да поверуваме дека тоа влијание е на – Јанева?

fdfadsfa-09876-0980708090706Линк до оригиналниот напис: Дневник: Прифатено барањето на Jанева кое не можело да се одбие

Датум и време на објавување: 04.11.2015 17:53

Датум на рецензирање: 0711.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„…инаку, пред неколку дена партиски извори за Дневник брифираа деќе е договорена постапката со избор на обвинители да биде завршена во текот на ова анедела. На тоа Аневски одговори дека нему не му е јасно како партиитетоа ќе го изведат, бидејќи спроед него, ’нема нови моменти’ во врска со ова прашање. Во овој момент, прашањето е затворено…. Сепак, очигледно е дека вчера СЈО потклекна на притисокот на партиите и од странските амбасадори кои индиректно во континуитет се закануваа со нова дестабилизација на Македонија ако независниот од политиката СЈО потклекне пред политичкиот притисок од амбасадите.“

Од овој цитат произлегува дека Советот на јавни обвинители трпел двостран притисок. Се цитира како доказ доста старата изјава на странските амбасади од 14 октомври, а потоа и контраизјавата на Аневски каде стои дека притисоци има, ама дека обвинителството останува цврсто на своите ставови. Јанева тука, во тој контекст, е „исфрлена од игра“ како соло-моќник и нејзината позиција е техничка, за да нема забуни во однос на насловот. Притисокот од партиите е при тоа споменат само во една куса реченица и толку, без да се објасни дали меѓу нив има разлика и кој е тој кој евентуално притиска повеќе или помалку, бидејќи не може да сфати, нели, сè уште што е тоа што во таа рамнотежа на силите одеднаш превагнало, „хармонијата“ на притисокот и потисокот (што би рекле физичарите) се истумбала и како?

Текстот, онака како што е срочен, дава максимално алиби на партиите (сите) во однос на притисокот и сосема е јасно дека на некој начион ги амнестира од евентуалниот притисок врз нив, евентуланите „добивки“ или „загуби“. Според композицијата на текстот, „напред се истурени“ САД и ЕУ како, белким, недвојбен фактор дека дале понуда „која не се одбива“, која во текстот се насетува, ама, сепак, како заклучок стои осамено сè уште во насловот. Згора ја сведува таа понуда од насловот само на релација странски фактор – Совет на јавни обвинители, што, секако, не одговара на реалноста, особено ако уште неколку дена претходно весникот веќе бил брифиран „од партиски извори“ за текот на настаните. Обвинителите очевидно не биле во контакт со притисокот, што јасно ни повторува дека врз него навистина има командна надреденост, ама внатрешна! Гледано во континуитет од прилозите во весникот, во нив, сепак, има голема аналитичка корист, барем за оној кој сака да ги бара изворите на моќта во земјата. Секако и за „независноста на судството“ во земјата!

Две работи недостигаат во овој извештај – која партија има моќ врз Советот на јавни обвинители (имала значи моќ и кога ова тело било стамено, принципиелно и т.н.), односно што ѝ било понудено на таа партија што таа не можела да го одбие. Второ, на читателите, макар и накусо, секогаш во вакви пригоди треба да ѝ се објасни позицијата на меѓународниот фактор во земјата. Тој не е тука да пие кафе и да јаде крушевски локум, нели?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Нема наведено извор за клучното тврдење

официјални, анонимни

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

Постои обид да се игнорира моќта на една страна - партиите

Ја нема клучната информација - кој и како вршел притисок

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести