Новинарот не може да зборува во име на политичките партии
Објавено во Рецензии
on 7 - 11 - 2015 Автор: Fatlume Dervishi[Рецензија: ДУИ нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон]
Промовирањето и рекламирањето се активности што не му припаѓаат на новинарството, а уште помалку на професионалното новинарство. Медиумите не треба да им помагаат на политичките партии да ги реализираат своите кампањи за да ги убедат граѓаните дека тие се во право, освен кога тоа се наведува јасно. Правото е на страната на јавноста. И, за да суди правилно, јавноста има потреба од факти.
Линк до оригиналниот напис: ДУИ нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон
Датум на објавување: 04.11.2015
Датум на рецензија: 04.11.2015
Рецензент: Фатљуме Дервиши
Написот што го анализираме претставува чиста пропагандна реторика. Авторот на овој текст, се чини, игра улога на портпарол на овој политички субјект, почнувајќи од насловот и продолжувајќи докрај, како коментарите и пофалбите да се нормална работа за една вест. Во насловот, авторот дава ветувања во името на ова политичка партија, истакнувајќи дека ДУИ нема да отстапи од предвидените проекти, иако нема никакво право да го направи тоа.
„…ДУИ продолжува да биде доследна и за никаква цена нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон, известува Актуале.мк.“
Текстот понатаму сугерира дека:
„ДУИ и нејзиниот лидер ќе продолжат да бидат проактивни во ова насока и ќе направат се за да се излезе од барикадите поставени од двата македонски субјекти…“
Авторот не навел факти зошто го употребил терминот „проактивни“ и не напишал ништо конкретно кога вели дека овој политички субјект „ќе направи сè за да се излезе од“ ситуацијата или како што тој ги нарекува „барикадите поставени од двата македонски субјекти“.
Впечатокот што се добива од текстот е дека ДУИ со нејзината „проактивност“ станува жртва на замката на другите, но тоа е според мислењето на авторот, а не според обработените докази што тој ги презентира.
Има шанси текстот да е дел од некое соопштение за печат на ДУИ. Но, ако е продукт на овој медиум, никако не може да се смета за вест.
Новинарот нема потреба да одигра улога на портпарол на политички субјект за да ги наметне своите убедувања на јавноста. Тој, едноставно, на јавноста треба да ѝ понуди доволно факти и информации за да таа самата да направи разлика помеѓу доброто и лошото.
(Од Сервисот за проверка на факти на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
нема
нема
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
ниту еден извор
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
има пропагандистички елементи
не може да се утврди
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
промотивен
несоодветен
промотивен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови